Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи поради неговото скандалозно однесување на крајот од натпреварот против Србија.
Србија и Португалија одиграа нерешено 2:2 во второто коло од квалификациите за Светското првенство во Катар, а гостите вриеа од бес по мечот бидејќи холандскиот судија Дани Макели не призна чист погодок во 93. минута од натпреварот.
Роналдо го совлада Дмитровиќ, топката ја мина гол-линијата пред Стефан Митровиќ да ја исфрли, сепак, Холанѓанецот не го виде тоа и настана хаос на теренот. Роналдо им викаше на судиите, беше бесен, доби жолт картон за однесувањето, а потоа демонстративно се упати кон соблекувалната пред последниот свиреж и ја фрли капитенската лента на теренот.
Духовитите навивачи на Србија решија да се нашалат на сметка на Португалецот, па објавија оглас на еден популарен портал, кој наводно се продава фрлената капитенска лента на Кристијан.
Имено, непознато лице објавило фотографија од лентата со цена од неверојатни милиони евра.