Еден човек кој се лекувал од СOVID-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент, откако му гоисклучил респиратор.
Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останал под грижа на чувар во атинска болница се додека не се опорави, објави Ројтерс.
Пациентот (76), кој исто така се лекувал од СOVID, почина во средата вечерта откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е исклучен респираторот без знаење на лекарот.
Двајцата пациенти лежеле на исто одделение, додаде полицијата.