дома Балкан Ќерката на Мустафа Надаревиќ се огласи: Порача само едно!

Ќерката на Мустафа Надаревиќ се огласи: Порача само едно!

Актерот Мустафа Надаревиќ почина денес во Загреб по долга битка со злобна болест. Неговата ќерка зборуваше и за хрватските медиуми, потврдувајќи дека нејзиниот татко починал.

Според медиумите од Загреб, каде Мустафа го поминал поголемиот дел од својот живот и починал, Нана Надаревиќ низ солзи ја потврдила тажната вест. Таа кратко рече дека нема коментар, а потоа ги замоли сите да имаат разбирање за своето семејство, кое минува низ тежок период во животот.

Да потсетиме, Мустафа Надаревиќ е роден во Бања Лука во 1943 година. Публиката во Србија најмногу го памети по улогата на Изет Фазилиновиќ во серијата што ја снимаше цели девет години.

Пред два месеци им се заблагодари на хрватските новинари што се грижат и се распрашуваа за неговата здравствена состојба, откако од кругови блиски до Мустафа се дозна дека е болен. Тој рече дека болеста ја разбира како дел од животот.