Демант, а во исто време и БАРАЊЕ за ИЗВИНУВАЊЕ од портали кои го злоупотребија името на нашиот портал…

септември 16, 20201min
times

Ја информираме Македонската јавност дека единствениот ТАБЛОИД во Македонија од своето формирање до денес немал никакви допирни точки, ниту со политички партии од Македонија, ниту со било какви буџетски и не-буџетски средства од клиенти, политички партии и останати физички лица во Република Македонија но и надвор од неа.

Не реагиравме досега на сите провокации што излегоа по квази портали нарачани од „конкуренција” што од провладина така и од опозициска провиниенција, а се со цел да се руши кредибилитетот на денес најчитаниот Таблоид во државата. Со макотрпна работа, очигледно им ги помативме „конците” на „креаторите на јавното мислење”, па со најподли и пред сѐ незаконски прилози во нивните квази медиуми, пробаа да го нарушат интегиртетот и кредибилитетот на нашиот портал.

Таквите платеници на разни подземни структури, олицетворени во така наречени квази портали, ќе добијат кривични пријави во деновите што следат. Клеветите од најдолен вид, конструкциите на разни хотелиерски дружини, вајбер патриоти, како и недоносени и недокажани квази политичари од десети ешалони во разни политички здруженија како и квази патриотски апашки структури, ќе мора да одговараат пред законите на Македонија, за директната штета што ни ја направија.

Не реагиравме до денес, со цел да им оставиме време на надлежните органи да си ја завршат својата работа и ја докажат нашата ЦЕЛОСНА НЕИНВОЛВИРАНОСТ во било какви не законски дејствија, нити било каква поврзаност со било каква политичка провиниенција. Сме работеле до сега и ќе продолжиме да работиме и понатаму целосно во согласност со законите на Република Македонија.

Нашата заложба, да не се доведеме во ситуација на било какви политички инсинуации од трети лица, продолжува. Посетеноста од над 3 милиони на нашиот портал за многу кратко време , како и покриеноста од над 600.000 засебни IP адреси, сметаше , им пречи денес и веројатно и во иднина, на сите ПЛАТЕНИЦИ кои повеке од една деценија се финансирани од разни структури, со пари на народот, а се со цел да се додворат на едната или другата страна од политичкиот живот во Република Македонија.

Бидејќи концептот на нашиот портал не е политички, туку ЦЕЛОСНО ТАБЛОИДЕН, како и останати најчитани таблоиди во светот, одамна не третира внатреполитички теми од нашата држава. Не примаме нарачки од никој и нема да „паднеме”  на било какво политичко влијание!

Ставање на нашиот портал во било каква група портали, кои сите заедно немаат ни 10 проценти од нашата читаност, вклучително и на јавно декларираните политички портали кои поддржуваат лева или десна политичка страна, прави директна штета на нашата работа, за која сте сите вие наши читатели, сведоци во изминатите месеци.

И да не должиме. Нашиот адвокатски тим спрема кривични пријави за сите квази медиуми кои во било каква конотација го стави нашиот таблоид на „отсрел”, без предходно да се информираат за начинот на нашата работа, БЕЗ НИКАКВО ДИРЕКТНО ИЛИ ИНДИРЕКТНО ВЛИЈАНИЕ ИЛИ УЧЕСТВО НА БИЛО КАКОВ НАЧИН ОД БИЛО КОЈ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ ВО ДРЖАВАТА!

Ценовник за било какви услуги за било кои политички субјекти, нити сме имале, ниту имаме намера да направиме! Парите на граѓаните не биле и не можат да бидат наша цел! Правиме сѐ, да ве инфомрираме на време за се што сѐ случува во светот, така и ќе продолжиме.

Ви благодариме од срце за целата поддршка што ни ја дававте досега, со надеж дека недоразбирањата што некои субјекти од криминалното подземје, пробаа да ни ги наметнат и на нас, нема никако да влијаат на нашата досегашна успешна соработка.

Со почит од редакцијата на times.com.mk