Почина жената која ги скара Македонија и Бугарија

јуни 29, 20201min
spaska mitrova i bojko borisov

Смртта на гевгеличанката Спаска Митрова, која се декларираше како Бугарка додека се спореше со својот сопруг за старателството над ќерката Сузана, е една од главните вести во бугарските медиуми.

Митрова, на чија страна застана лично бугарскиот премиер Бојко Борисов и која покрај македонското доби и бугарско државјанство, почина синоќа во својот дом во Македонија од рак, со кој се борела подолго време, соопштиле нејзини блиски.

До последниот ден таа живеела заедно со ќерка ѝ, која сега има 14 години, а извесно време живееше и во Банско.

Митрова долги години водеше судска битка со својот сопруг, Србинот Воислав Савиќ, во Македонија и во Стразбур за старателството на детето, а нејзиниот случај пред десетина години ги влоши македонско-бугарските односи.

Таа пред четири години го загуби спорот против Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Вечното почивалиште на Спаска Митрова е на „старите бугарски гробишта во Македонија“, како што јавуваат медиумите кај источниот сосед, близу до гробот на војводата Леонид Јанков.