СТРАШНА ОЛУЈА ЈА УНИШТИ ЕВИЈА: Тројца погинале, меѓу кои и бебе! Луѓето заробени во куќи и автомобили (ВИДЕО)

август 10, 20201min
2297161_evija_ls

По катастрофалното невреме на грчкиот остров Евија, пронајдени се три жртви – постар брачен пар и осуммесечно бебе, а десетици луѓе беа заробени во нивните куќи или автомобили, соопшти грчката полиција.

Полицијата пронашла брачна двојка (86 и 87) во поплавена куќа во селото Политика, на околу 100 километри северно од Атина, без знак на живот, и бебе, во истото село, на приземјето од куќата во која биле сместени родителите.

Многумина што се нашле во загрозената област побегнале на покривите на нивните куќи, а службите за спасување биле испратени во регионот.

Обилните дождови започнаа синоќа, а пожарникарите интервенираа повеќе од 50 пати поради пожарите предизвикани од удар на гром.

Многу локални патишта се непроодни, но се очекува невремето да помине до крајот на попладневните часови.