„ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НЕ ГО УНИШТИЈА КОВИД-19“ – Српскиот епидемиолог Кисиќ изјави дека никој не очекувал вака да се однесува вирусот преку лето

јули 5, 20201min
Darija Kisic 01 Tanjug Slobodan Miljevic_1000x0

Заменик директорот на Институтот Батут, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, вечерва изјави дека не се очекувало коронавирусот да се однесува вака во летниот период. Таа за РТС изјави дека Ковид-19 всушност никогаш не престанал да циркулира во Србија.

Како што изјави таа, не се случило високите температури да го уништат вирусот и тоа веројатно нема ни да се случи. Затоа, истакна таа, не смееме да дозволиме вирусот да се размножува и пренесува.

Кисиќ Тепавшевиќ истакна дека вирусот не се пренесува со случајно поминување на некого, туку дека е потребно одреден временски период да го поминеме во близина на некоја личност и никој да не носи маска.

Таа додаде дека затоа е важно да се почитуваат мерките. „Не знаеме како вирусот ќе се однесува индивидуално во нашето тело. Сите треба да се однесуваме како да сме потенцијални резервоари на инфекција и да имаме ризик од компликации“, рече Кисиќ Тепавшевиќ.

  • „Сите би сакале магично стапче“

Таа рече дека вирусот покажува дека тој е меѓу нас секој ден и укажа дека на сите лица на респиратор им е загрозен животот .

„Првата цел е, и сите со нетрпение го чекаме денот, кога ќе кажеме дека веќе немаме смртни случаи“, рече Кисиќ Тепавчевиќ и истакна дека мерките мора да дадат резултати и дека резултатите ќе зависат од секој од граѓаните.