дома Македонија АА&Алтернатива: Води ли скандалот од пола милион евра до Али Ахмети

АА&Алтернатива: Води ли скандалот од пола милион евра до Али Ахмети

Коалиција Алијанса за Албанците и АлтернАтивА денеска бараат да запре корупцијата која цути во владините институции.

  • Оваа влада произведува повеќе корупциски скандали отколку што може да ги прати опозицијата и пошироката јавност. Додека не стивнувале коментарите за приведувањето поради корупција на поранешниот секретар на Владата, на виделина е нова слична афера во Управата за матични книги, предводена од кадар на ДУИ, Бујар Дардишта, велат од коалицијата.

Како што соопштија медиумите, во име на дигитализација на матичните книги, таму се вршел тендер вреден скоро половина милион евра (поточно 480.000 евра), кој е добиен од компанијата „Нова инв“ – сопственост на син на бивш функционер од ДУИ и актуелен амбасадор во една европска земја, основана пред три месеци или само еден месец пред да се објави јавната набавка.

“Сомнежот се засновува и во поставените критериуми, како што е промената на основните услови, наместо искуството на компанијата и нејзината финансиска стабилност, биле поставни критериуми за квалификации на персоналот и, очигледно, тоа е сторено со цел таа компанија да го добие тендерот и да ги дисквалификува другите апликанти или да оневозможи други апликации.
Затоа, со вакво основано сомневање, ние сме денес тука – во име на коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА – да реагираме и да побараме од Комисијата за спречување на корупција да го преиспита овој случај, како и од Јавното обвинителство да постапи по истиот. Бидејќи ова не е прв пат Управата за матични книги да спроведува вакви сомнителни тендери, очекуваме од горенаведените институции – во име на транспарентноста – да дадат и повеќе детали за аферата, а покрај тоа да ја известат јавноста на чија сметка од функционерите на ДУИ е реализирана оваа зделка. Дали последниот корисник е директорот на оваа институција или таа води до претседателот на ДУИ?
Ние како опозиција ќе чекаме одговор и нема да се откажеме од интересот за дознавање на вистината. Во спротивно, ќе мора да заклучиме дека се работи за класична корупција што ја спонзорира Владата”, се вели во реакцијата на АА и АлтернАтивА.

Коалицијата заклучува дека една влада која и во време на економска криза и пандемија си дозволува себеси да упаѓа во народни пари, сигурно не заслужува да владее повеќе.

  • Затоа, само едно ново мнозинство, широка влада или експертска влада може да биде спасот од оваа ситуација, се вели во изјавата на коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтивА.

https://www.facebook.com/aleancashqiptarett/videos/282634613584395/

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Огласот стана вирален: Кога ќе ја видите платата, ќе ви биде јасно зошто

Тексашката компанија „Sisu Energy“ сериозно го сфати моменталниот недостиг на возачи во САД. Сакајќи да привлече и да ги задржи искусни возачи, компанијата нуди неделна...

Андоновски: Заев не ја заврши домашната задача, а на маса со Бугарија ги стави Гоце Делчев и јазикот

Јавноста треба да ја знае реалноста, многу лесно да излегуваме со флоскули во кои ќе велиме дека имаме политичка поддршка, но другите држави одат...

Сексуалниот живот на Бил Гејтс излегува на виделина: Тој не е „цвет“ како што се мислеше

Познатиот милијардер и филантроп Бил Гејтс водеше прилично разуздан младешки живот пред да заплови до брачното пристаниште со Мелинда, тврди неговиот биограф кој се...

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ неколку пати побара да се зацртаат црвените линии до кои прашања може да се преговара, но власта молчи

„Техничката Влада на Бугарија нема да иде спротивно од Декларацијата на бугарскиот Парламент кој што воспоставува многу кристални национални црвени линии. Ајде да си...

Слични вести

Јанкуловски: Демократската фасада не ѝ личи на власта, имаат празна и патетична реторика во однос на надворешните прашања за Македонија

„Се изгледа празна реторика, посебно сега кога го слушам, а го нарекувам фејсбук министер овој поранешниот за надворешни работи, а сегашен вицепремиер за евроинтеграции....

Андоновски: Заев не ја заврши домашната задача, а на маса со Бугарија ги стави Гоце Делчев и јазикот

Јавноста треба да ја знае реалноста, многу лесно да излегуваме со флоскули во кои ќе велиме дека имаме политичка поддршка, но другите држави одат...

Сексуалниот живот на Бил Гејтс излегува на виделина: Тој не е „цвет“ како што се мислеше

Познатиот милијардер и филантроп Бил Гејтс водеше прилично разуздан младешки живот пред да заплови до брачното пристаниште со Мелинда, тврди неговиот биограф кој се...

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ неколку пати побара да се зацртаат црвените линии до кои прашања може да се преговара, но власта молчи

„Техничката Влада на Бугарија нема да иде спротивно од Декларацијата на бугарскиот Парламент кој што воспоставува многу кристални национални црвени линии. Ајде да си...

„Убедливо најглуп начин да умреш“: Мегафон на власта го навреди првиот Македонец на Монт Еверест

„Убедливо најглуп начин“ избра провладиниот новинар Саше Ивановски-Политико да коментира под објава на Твитер за вчерашната 32-годишнина од загинувањето на Монт Еверест на првиот...