дома Македонија БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

БГНЕС: Скопје го испраќа Георгиевски во објаснувачка мисија во Бугарија

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски  во наредните денови ќе пристигне во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата, како што пишува бугарската агенција БГНЕС пренесувајќи делови од синоќешното интервју,  се реализира откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа да може правилно да го процени однесувањето на македонското раководство. Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Љубчо Георгиевски повеќепати ја потенцираше позитивната улога на претседателот Стево Пендаровски и, особено, на премиерот Зоран Заев, кои се за приближување кон Бугарија, која тие ја опишаа како пријателска земја, пишува БГНЕС.

– Тоа беше незамисливо пред само три години … Јас самиот не сум кажал такви работи затоа што ќе бев растргнат – пишува БГНЕС цитирајќи делови од интервјуто на Героргиевски.

Според агенцијата, Георгиевски признал дека многу малку е направено за приближување кон Бугарија во последните 30 години и оти македонската дипломатија ја преспала последната година, а особено периодот кога рамковната позиција за Македонија била расправана и усвоена во бугарскиот Парламент.

Во однос на минатото, како што пишува агенцијата, тој се прашувал како некои стари тврдења опстојуваат во демократијата, па го повикал секој македонски граѓанин кој сака да учи историја да оди и да ги купи книгите објавени од македонскиот архив во времето кога со него раководеше Зоран Тодоровски.

– Нема фалсификати, сè е во оригинал. Секаде може да се види дека Македонец и Бугарин се едно исто„, потенцира Георгиевски посочувајќи дека во Македонија„ нема ништо за периодот на двете балкански војни / 1912-1913 / и Првата светска војна / 1914- 1918 година /. И ова е многу едноставно, затоа што и левите и десните беа на страната на Бугарија. Имаме илјадници доброволци кои се бореа во редовите на бугарската армија. Македонија, исто така, не знае ништо за Македонската патриотска организација во САД и Канада, која е основана од елитата на македонската бугарска емиграција. Некои од нив достигнаа високи позиции во бизнисот, науката и администрацијата преку океанот. Во Македонија и натаму продолжуваат да се потсмеваат на оние кои се определија за Бугари – пишува Бугарската агенција БГНЕС.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

НАУЧНИЦИ ОТКРИЈА НЕВЕРОЈАТНА РАБОТА ЗА ЛИЛЈАЦИТЕ! Еве што прават тие кога се болни!

Ново истражување докажува дека дивите лилјаци социјално се дистанцираат кога се болни и поминуваат помалку време во својата заедница. Во дивината, американски истражувачи инјектирале ендотоксини...

Симболична временска облека

Во повеќето случаи, водителите за временска прогноза ја одржуваат својата професионалност по начинот на облекување за време на ТВ-преносот. Сепак, големото внимание на светските медиуми...

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: НАД 411 ИЛЈАДИ ЕВРА ПРОНЕВЕРНИ ВО НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Над 411 илјади евра се проценети како штета која ја направила  директорката на Националната Агенција Лидија Димова и нејзини соработници. Финансиската полиција ги стокми...

‘НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ’: Има дури пет жени и 24 деца, а сега им покажа на сите како изгледа животот во полигамијата

Во нивните домови има строг распоред затоа што тој мора да помине еднаква количина на време со секоја од неговите жени Животот на овој човек...

Слични вести

Претседателски избори во Америка 2020: Како Трамп го смени светот

Од лажни вести до тоа како остатокот од светот ги перцепира Соединетите држави - еве анализа на глобалното влијание на Трамп. Претседателот на Соединетите Американски...

Симболична временска облека

Во повеќето случаи, водителите за временска прогноза ја одржуваат својата професионалност по начинот на облекување за време на ТВ-преносот. Сепак, големото внимание на светските медиуми...

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: НАД 411 ИЛЈАДИ ЕВРА ПРОНЕВЕРНИ ВО НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Над 411 илјади евра се проценети како штета која ја направила  директорката на Националната Агенција Лидија Димова и нејзини соработници. Финансиската полиција ги стокми...

‘НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ’: Има дури пет жени и 24 деца, а сега им покажа на сите како изгледа животот во полигамијата

Во нивните домови има строг распоред затоа што тој мора да помине еднаква количина на време со секоја од неговите жени Животот на овој човек...

Ѕидот на надежта исполни повеќе од 5000 пораки: Трогателен доказ за тоа колку се смени нашиот живот во пандемијата; „Кога ова ќе заврши“

Желба за патување, желба повторно да се види некој близок, израз на сексуална желба, сето тоа најде место на плочите каде што секое парче...