дома Македонија (Видео) Бошковски имaл caмoyбиcтвeни миcли и cpaмнo бил yaпceн „кaкo пocлeдeн идиoт...

(Видео) Бошковски имaл caмoyбиcтвeни миcли и cpaмнo бил yaпceн „кaкo пocлeдeн идиoт зaлeпeн зa тoaлeт“

Случајот со апсењето на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања” стаса до завршни зборови. Денес завршен збор во предметот „Тортура” прв даде обвинителот Љубомир Лапе, кој е од тимот на поранешното СЈО и продолжи да го застапува овој предмет по неговото згаснување. Додека обвинителот ги презентира завршните зборови, очите на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков и обвинетите полициски „Алфи”, беа директно вперени кон обвинителот, особено во делот каде до детали ја раскажува снимката од апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Бошкоски и каде вели дека имал самоубиствени мисли по апсењето.

Обвинителот Лапе на почетокот на завршни зборови пред судиите во Основниот суд изврши прецизирање на обвинителниот акт од каде ги избриша зборовите „Бел ден да не видиш“, бидејќи како што кажа, не се докажало дека овие зборови биле употребени и тој не бил убеден дека се користеле, а и Бошкоски не ги повторил во текот на судењето.

Ставот на обвинителот е дека Бошкоски е мачен поради политички причини и дека ова кривично дело мачење е слично со малтретирање во служба и дека и двете дела се извршуваат со злоупотреба на службената положба.

„Легнување на земја на оштетениот Бошкоски, малтретирање и прикажување пред камера било со намера да се наруши угледот на оштетениот. Се бришат зборовите „Бел ден да не видиш“ бидејќи не сум убеден дека овие зборови биле кажани и Бошковски не ги повтори. За време на апсењето и потоа Бошкоски доживеал душевно страдање, што се докажа од медицинска документација и имал здравствени тешкотии. Врз основа на медицинска документација, направено е и вештачење од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Биле констатирани видливи крвни подливи, поради инфузија, но не е точно опишано кога тој примал инфузија. Вештаците во оваа постапка утврдиле пост-трауматско стресно растројство, анкзиозност и депресија. Душевното страдање се манифестирало со потење, страв, несоница.. Утврдена била поврзаност и причинско последична врска со чинот на апсење и психичкото страдање кое траело неколку месеци“, рече во завршен збор обвинителот Лапе.

Во текот на постапката, обвинителот посочи дека биле сослушани и докторот кој прв го прегледал Бошковски во затвор, а бил сослушан и затворскиот психијатар кој во својот исказ пред судот раскажал дека Бошкоски дури имал и самоубиствени мисли.

„Затворскиот лекар кажа дела не забележал ништо невообичаено, но забележал силна вознемиреност кај Бошкоски. Затворскиот психијатар кажа дека Бошкоски стресно ја доживеал случката дека бил уапсен во кафана, но не се навраќал многу на апсењето, и бил во состојба на анксиозност, чувство на безвредност, имал суицидални мисли и бил загрижен за егзистенцијата. Затворскиот психијатар кажал дека често се среќавал со Бошкоски на негово барање. Бошкоски бил посрамен бидејќи бил јавна личност и се чувствувал засрамен, и срамно му било да биде залепен за „тоалет како последен идиот“. Зарем има поголем доказ од начинот на апсење од снимката која се изведе во судската постапка, но и јавно се прикажуваше на сите телевизии и ден денес е јавно достапна на интернет“, праша обвинителот Лапе во својот завршен збор пред судот.

Тој до детали го опиша и апсењето на Бошкоски, односно како бил апсен и каде бил седнат опишувајќи ја снимката. Вели дека сите полицајци делуваат истовремено и синхронизирано и очигледно дека е по дадена наредба.

Обвинителот Лапе вели дека снимката е заматена и сечена во деловите каде има понасилни содржини, а за тоа наредбата е дадена од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот тогашен помошник, Иво Котевски.

„Некој ќе каже дека ова е апсење како по учебник, но полицајците кои се обвинети влегле во ресторанот „Воденица“ па го чекале Бошкоски да излезе, а не го уапсиле во ресторанот кога влегле внатре“, вели обвинителот Лапе.

Судијката Александра Ристовска даде пауза од 20 минути, поради проветрување на судницата како препорака за заштита од ковид-19, по што судењето ќе продолжи со завршни зборови.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

АЛИСА НЕМА ЗАБИ, ИМА РЕТКА КОСА, И ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Погледнете како изгледа кога ќе извади еден куп шминка (ВИДЕО)

Алис е жена која ги скрши сите предрасуди, покажувајќи на видео на TikTok како изгледа без шминка, вештачки трепки, но и без вештачките заби,...

ПО ВЕРИДБАТА СО ЧАРЛС, ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА НАПРАВИ НЕШТО ВО ТАЈНОСТ: Има причина за тоа!

Пред да замине на официјална турнеја низ Австралија со нејзиниот сопруг Чарлс, трагично починатата британска принцеза Дајана ја посети таа земја во февруари 1981...

ОВА Е СМРТ НА ЅВЕЗДА И ФОРМИРАЊЕ НА ЦРНА ДУПКА: Забележана е најголемата експлозија во вселената! (ВИДЕО)

Масивниот излив на гама зраци се состоеше од комбинација на светли Х-зраци и гама-зраци снимени на небото, емитирани од далечни вонгалактички извори. На повеќе од...

Слични вести

АМЕРИКАНЕЦ ВЛЕГОЛ ВО УСТАТА НА КИТ! Овој човек преживеал НЕВЕРОЈАТЕН ИНЦИДЕНТ!

Американецот Мајкл Пакард, кој собирал јастози веќе 40 години, скоро го проголтал грбав кит. Пакард рече дека нуркал во морето во државата Масачусетс, кога заврши...

ПО ВЕРИДБАТА СО ЧАРЛС, ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА НАПРАВИ НЕШТО ВО ТАЈНОСТ: Има причина за тоа!

Пред да замине на официјална турнеја низ Австралија со нејзиниот сопруг Чарлс, трагично починатата британска принцеза Дајана ја посети таа земја во февруари 1981...

АЛИСА НЕМА ЗАБИ, ИМА РЕТКА КОСА, И ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Погледнете како изгледа кога ќе извади еден куп шминка (ВИДЕО)

Алис е жена која ги скрши сите предрасуди, покажувајќи на видео на TikTok како изгледа без шминка, вештачки трепки, но и без вештачките заби,...

ОВА Е СМРТ НА ЅВЕЗДА И ФОРМИРАЊЕ НА ЦРНА ДУПКА: Забележана е најголемата експлозија во вселената! (ВИДЕО)

Масивниот излив на гама зраци се состоеше од комбинација на светли Х-зраци и гама-зраци снимени на небото, емитирани од далечни вонгалактички извори. На повеќе од...

ПРЕСТРЕЛКА ВО АМЕРИКА, 12 ЛУЃЕ РАНЕТИ! Страшни слики од Остин (ВИДЕО)

Официјалните лица во градот Остин во Тексас соопштија дека најмалку девет лица се повредени во пукањето утрово во центарот на градот, а службата за...