дома Македонија (Видео) Мицкоски повика на лидерска средба

(Видео) Мицкоски повика на лидерска средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика лидерите на релевантните политички партии, да седнат и да разговараат отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед Бугарија. Тој смета дека вакви сериозни прашања се решаваат на лидерска средба на маса.

„Како политичар не верувам дека нашиот источен сосед ќе ја блокира Македонија во евроинтеграциите за тоа што ако се суштински, не само декларативни изјавите на политичарите од кај нашиот источен сосед тоа нема да се случи, и покрај сите авантури кои што ги направи Зоран Заев изминативе години. Така што како втор заклучок на вашето прашање не верувам дека тоа ќе се случи и ги охрабрувам тоа да не го направат. Затоа што така не ја загрозуваат само иднината на македонските граѓани, ја загрозуваат и сопствената иднина како граѓани на ЕУ.

Често пати во минатото сум имал телефонска комуникација со господинот Бујар Османи, за жал навикнат сум на невистинити работи да слушам од другата страна на слушалката. И се сомневам дека на уште една таква комуникација дека би слушнал некоја работа поинаква од невистината која што сум ја слушал во минатото. За жал кај нас многу политичари, многу политичари заборавија што значи зборот чест, честитост и зборот збор. И се надевам дека времето кое што е пред нас ќе ги промени овие политичари да се вратат на зборовите чест, честитост и збор во вистинска смисла на зборовите“, вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите релевантни политички лидери да седнат на лидерска средба и да поразговараат за сите актуелни, а крупни политички прашања кои што треба да ја детерминираат иднината на македонските граѓани и на Македонија како држава.

„Тука пред се мислам на случувањата околу преговорите со нашиот источен сосед, тука мислам на пописот, тука мислам на катастрофата во економијата, дебаклот во образованието, не знам дали знаете софтверот кој што беше скапо платен не функционира, еве јас од прво лице можам да ви посведочам, за сето она кое што е погрешно од државата мислам дека е потребно не е една туку повеќе лидерски средби, и заеднички да излеземе со решение пред граѓаните. Затоа што на граѓаните им е преку глава од политиканство и политики. Граѓаните сакаат да видат став, стратегија и визија како ние ќе излеземе од ова. Не може ние да зборуваме дека блескаме, а суштината е сосема поинаква. Напротив, треба да седнеме и да покажеме сите зрелост. Нивото на телефонска комуникација е незрел потег. Се знае како се решаваат овие прашања“, додаде тој.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

ДЕСТРУКТИВЕН УРАГАН „ХАРА“ НИЗ АМЕРИКА: Ветрови посилни од 170 км на час, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку едно лице беше повредено кога ураганот Зета, проследен со силен ветер, го погоди Њу Орлеанс во средата, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во...

МАЖ ОДНЕЛ ТЕЛЕФОН НА ПОПРАВКА – Нема да верувате што нашле во него, КАКОВ ЦАР!!!!!

Очајни времиња бараат очајни потези. Кога го отвориле мобилниот телефон во сервисот, имале што да видат ... https://www.tiktok.com/@highspectech/video/6818886074400656645?source=h5_m&sender_device=pc&sender_web_id=6827903922176804358&is_from_webapp=1 - Здраво! Те молам, кажи и на жена ми...

Борба против короната: Сакал да ја заштити својата ќерка, па измислил уред за целиот свет (ВИДЕО)

Падот на девојче на ескалаторот во 2014 година предизвика низа настани што можат да спречат ширење на инфекција со корона во светот. Чаи Ни е...

Открила дека цртањето на лице ѝ oди добро, па започнала да ги трансформира луѓето во ужасни убијци (ВИДЕО)

Мери-Кејт Харди е една од оние филмски уметници кои изгубија неколку важни ангажмани во кариерата поради епидемијата на коронавирусот. Со други зборови, скоро цела 2020...

Слични вести

Првиот трејлер од филмот за Дејвид Боуви (ВИДЕО)

Почетокот на кариерата на Дејвид Боуви е во фокусот на новиот биографски филм наречен „Stardust“. Славниот музичар го толкува Џони Флин, а во филмот играат...

МАЖ ОДНЕЛ ТЕЛЕФОН НА ПОПРАВКА – Нема да верувате што нашле во него, КАКОВ ЦАР!!!!!

Очајни времиња бараат очајни потези. Кога го отвориле мобилниот телефон во сервисот, имале што да видат ... https://www.tiktok.com/@highspectech/video/6818886074400656645?source=h5_m&sender_device=pc&sender_web_id=6827903922176804358&is_from_webapp=1 - Здраво! Те молам, кажи и на жена ми...

Борба против короната: Сакал да ја заштити својата ќерка, па измислил уред за целиот свет (ВИДЕО)

Падот на девојче на ескалаторот во 2014 година предизвика низа настани што можат да спречат ширење на инфекција со корона во светот. Чаи Ни е...

Открила дека цртањето на лице ѝ oди добро, па започнала да ги трансформира луѓето во ужасни убијци (ВИДЕО)

Мери-Кејт Харди е една од оние филмски уметници кои изгубија неколку важни ангажмани во кариерата поради епидемијата на коронавирусот. Со други зборови, скоро цела 2020...

Раде Шербеџија и неговата сопруга должат БРДО ПАРИ?! Поради тоа не се враќаат во Америка?

Актерот Раде Шербеџија и неговата сопруга, наводно, должат многу пари, поради што можеби дури и не се враќа во САД, каде живее многу години. Според...