дома Македонија (Видео) Мицкocки му пpecyди на 3aeв: Бeгcтвото беше договopeно – вpeме е...

(Видео) Мицкocки му пpecyди на 3aeв: Бeгcтвото беше договopeно – вpeме е за тexничка влада

Два дена по бегството на Сашо Мијалков прес-конференција одржа и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Правда во Македонија нема затоа што си имаме работа со мафија. Вака лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја започна денешната прес-конференција по вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

– Денеска криминалците и властите се едно, нема разлика. Кој одговараше досега за криминал? Никој. Тоа е така затоа што мафијата има своја држава. Ако до вчера бевме најкорупмираната држава во Европа, од денеска сме најкорумпирана држава во светот. Заев ја приватизираше државата, заедно со Вице и со Сашо. Соединети се со магнет, а магнетот се парите, желбата за власт и моќта да контролираат, а да не одговараат. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Кога ја нацртав линијата дека компромис со криминалот не правам, тие веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа, најдобар пријател на Заев се иницијаторите. Додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, Мијалков го пуштија да си избега со милионите. Таа мафија цели 4 години прави хајки против мене и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Бев, сум и ќе бидам предмет на медиумски линч, ама невистината распукува, рече Мицкоски.
Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено ви беше бегството, рече Мицкоски.

– Заев, твој тег на ногата сега е бегството на Мијалков. Затоа, ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. Нашата борба против тебе и мафијата ќе продолжи со пожестоко темпо. Никогаш не сум правел компромис со криминалот. Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договрено ви е. Вчера душата ми се параше кога ве гледав пред ТВ екраните. Спасовски не собра храброст да им се обрати на граѓаните. Целиот наш народ очекува објаснување. Институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај. Одговорност мора да има затоа што граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди. Ништо друго не сте способни да направите. Не треба да се размислува за оставка на Спасовски. Тој ќе остане запаметен како бранител на криминалот, но неговата оставка не е доволна, рече Мицкоски.

Тој додаде дека потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада.

– Само така ќе дојде правдата и мафијата ќе одговара. Сите пратеници од парлемнтот, без разлика дали се од власта или од опозицијата, да не бидат соучесници со мафијата. Да излезат и да кажат дека е доста. Време е за техничка влада. Не го правиме ова за власт и за пари, туку за нашите деца и внуци. Не е важно кој ќе ја предводи владата, туку само оваа мафија да ја нема. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

ИМА ВЕРЗИЈА ЗА МАЖИ Појас на невиност за ЛОШИ ПАРТНЕРИ

Поврзаноста со појасот на невиност е претежно поврзана со историјата затоа што тој предмет се користел за да се спречи силување, однос или мастурбација. Но,...

(Видео) Мицкocки му пpecyди на 3aeв: Бeгcтвото беше договopeно – вpeме е за тexничка влада

Два дена по бегството на Сашо Мијалков прес-конференција одржа и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви...

НА ЦЕЛ НА МАНИЈАК! Познатата пејачка минува низ пекол поради психопат! По малтретирањето го пријавила во полиција!

Пејачката Били Ајлиш се најде во непријатна ситуација, бидејќи веќе некое време ја прогонува непознат маж, изјави Џон Херл. Американската sвезда беше принудена да го...

АРКТИЧКА ТЕМПЕРАТУРА ВО МОСКОВСКОТО ПОДРАЧЈЕ: Најстудената ноќ оваа зима, живата падна на -30 степени!

Синоќа во Москва беше најстудено оваа зима, а температурата падна на минус 24,1 степени Целзиусови. Во московскиот регион температурата падна до минус 30 степени. https://twitter.com/AndLukyane/status/1364086376451493889?s=20

Слични вести

Пристигнува нов „Волшебник од Оз“

Се подготвува нова адаптација на класичниот роман „Волшебникот од Оз“, во режија на Никол Касел. Филмот ќе се базира на романот на Лајман Франк Баум...

(Видео) Мицкocки му пpecyди на 3aeв: Бeгcтвото беше договopeно – вpeме е за тexничка влада

Два дена по бегството на Сашо Мијалков прес-конференција одржа и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви...

НА ЦЕЛ НА МАНИЈАК! Познатата пејачка минува низ пекол поради психопат! По малтретирањето го пријавила во полиција!

Пејачката Били Ајлиш се најде во непријатна ситуација, бидејќи веќе некое време ја прогонува непознат маж, изјави Џон Херл. Американската sвезда беше принудена да го...

АРКТИЧКА ТЕМПЕРАТУРА ВО МОСКОВСКОТО ПОДРАЧЈЕ: Најстудената ноќ оваа зима, живата падна на -30 степени!

Синоќа во Москва беше најстудено оваа зима, а температурата падна на минус 24,1 степени Целзиусови. Во московскиот регион температурата падна до минус 30 степени. https://twitter.com/AndLukyane/status/1364086376451493889?s=20

ПЛАЧЕШЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН, ПА ОСТАНА БЕЗ ДЕВОЈКА! Најпознатата тениска љубовна двојка се разведе!

Гаел Монфис и Елена Свитолина ја завршија својата романса. Крај, нема повеќе ... Одлуката беше неверојатно тешка, бидејќи сè уште чувствуваме љубов еден кон друг....