дома Македонија Власта отвори нов соседски “фронт” , овој пат ги навреди Србите

Власта отвори нов соседски “фронт” , овој пат ги навреди Србите

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ преку статус на Фејсбук се прости од патријархот Иринеј, но и ја искритикува власта предводена од Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски кои не и изразија сочувство на соседна Србија за загубата на патријархот.

“Изразувањето на сочуство спаѓа во правилата на убаво однесување, домашно воспитување и претставува општествена норма која треба да се почитува, посебно ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Но, кога не постои елементарно домашно воспитување и минимум сериозен однос кон функцииите кои ги извршувате тогаш ќе се случи онаа што на нас веќе во серии ни се случува, понижувачко однесување, очигледно намерни превиди па и нешто повеќе од тоа. Но после ваквото однесување треба да се каже дека нема вода која може да ви го испере срамот, а лажните спинови дека некој друг, а не не Вие двајцата лично, Пендаровски и Заев сте виновни за “нивото” на односите помеѓу двете држави и двата народа ќе личи на уште една Ваша несолена шала.

Како на Путин, Помпео, Макрон и други далеку поважни политички лидери не им се случи да не изразат сочуство на нивните колеги од Србија и српскиот народ по повод упокојувањето на Патријархот на Српската Православна Црква, Иринеј, а на Вас како нели најблиски соседи, православци нели, ви се случува. Сведоци сме дека претходното раководство не само што не се двоумеше туку и тогашниот Претседателот Иванов дури и присуствуваше на погребот на Патријархот Павле.

Чекавме да поминат трите дена на жалост во Србија надевајки се дека сте направиле превид па ќе се поправите, меѓутоа бидејки не станува збор за превид туку намера, сакаме од наша страна да остане забележана оваа Ваша недоветност и недоделканост која повеќе од се зборува за Вас самите, но за и Вашиот однос кон целокупниот српски народ, чиј дел дел сме и ние Србите во Македонија и Србија”, стои во неговиот пост на Фејсбук.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Жена се будела уморна секое утро: Одлучи да стави камера во спалната соба, а кога го погледнала ВИДЕО, останала ШОКИРАНА (ВИДЕО)

Една жена по име Сузи знаеше дека нешто чудно ѝ се случува, затоа што секое утро се будеше уморна исто како и кога ќе...

Најголем БАКСУЗ: Ограбил банка за да побегне од сопругата

Лоренс Џон Рипл е еден од најдобрите примери за тоа како животот може да стане ироничен кога најмалку посакуваме. Овој случај се случи пред...

Израелски амбасадор: 7.144 македонски Евреи никогаш не се вратија од Треблинка

Дан Оријан, Израелскиот амбасадор во Македонија испрати текст по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите. Амбасадорот текстот го испрати до...

Човекот без биографија – кој е тајниот автор на концептот на Царовска

Во јавноста не е целосно јасно и сѐ погласно се поставува прашањето – кој ги поставил основите на т.н. нова Концепција за основно образование,...

Слични вести

Обложувалници: 8000 вработени дома, стотина други подготвени за црн пазар

Измените на Законот за игрите на среќа, се огромен ризик за нелегален пазар и стимул за сива економија, сметаат сите актери во бизнисот со...

Најголем БАКСУЗ: Ограбил банка за да побегне од сопругата

Лоренс Џон Рипл е еден од најдобрите примери за тоа како животот може да стане ироничен кога најмалку посакуваме. Овој случај се случи пред...

Израелски амбасадор: 7.144 македонски Евреи никогаш не се вратија од Треблинка

Дан Оријан, Израелскиот амбасадор во Македонија испрати текст по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите. Амбасадорот текстот го испрати до...

Човекот без биографија – кој е тајниот автор на концептот на Царовска

Во јавноста не е целосно јасно и сѐ погласно се поставува прашањето – кој ги поставил основите на т.н. нова Концепција за основно образование,...

ОБАМА НА МЕТА НА СОПРУГАТА! Таа викала и го туркала на инаугурацијата, а сега се знае и ПРИЧИНАТА!

За церемонијата на инаугурацијата на 78-годишниот Џо Бајден се уште се зборува. Но, овој пат не станува збор за новиот претседател, туку за неговиот...