дома Македонија Војна на хоризонтот?

Војна на хоризонтот?

Воени експерти велат дека Русија распореди војници и стратешко оружје на Крим, источна Украина и околу земјата.

Иако во Москва тоа го негираат, прашањето е дали сè е провокација или подготовка за офанзивата, пишува „Дојче веле“.

Западот е загрижен поради маневрите на руските трупи на границата со Украина. НАТО вети дека ќе продолжи да ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека многу внимателно ќе ја следи ситуацијата. Слично повторуваа и претставници на ЕУ, Германија, Франција и САД.

На социјалните мрежи кружат извештаи за преместување на руските единици во областа Бријанск, Вороњеж и Ростов и на анектираниот полуостров Крим. Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, рече дека Русија има слобода да ги префрла своите трупи на нејзината територија. „Русија никому не се заканува и никогаш никому не му се заканувала“, рече тој.

„Ново средство за притисок врз Западот“

Рускиот воен набљудувач Александер Голц смета дека постапките на Русија имаат демонстративен карактер: „На Русија ѝ е потребно ново средство за притисок против Западот“, рече Голц, а тоа сега е опасноста од војна против Украина.

Пред да биде уапсен опозиционерот Алексеј Навални, како одговор на санкциите од Западот, имало закани дека ќе се зголеми притисокот врз руската опозиција. „Многу работи се на коцка. Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја продолжи оваа политика на уцени и притисок, иако во принцип не е за воени дејства“, додаде Голц.

Дури и ако Русија планира офанзива, Голц вели дека упад во Донбас е тешко можен пред средината на мај. „Сè додека степата не е сува, не може да почне офанзива. Ќе се заглават во кал, како што често се случуваше“.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Руслан Хомчак, неодамна изјави дека на украинската граница, како и во областите што не се под контрола на Киев – во Донбас и Крим, веќе има 28 тактички баталјони од Русија.

Според Хомчак, кој се повикува на информации од украинската тајна служба, Русија под изговор за подготовки за маневрите „Запад 2021“ со Белорусија, сака да испрати 25 дополнителни тактички баталјони во Украина. „Тие, заедно со силите кои веќе се на границата со Украина, претставуваат закана за воената безбедност на државата“, рече главниот командат на украинската армија.

„Закана за целото источно крило на ЕУ“

Павел Фелгенхауер, независен руски воен експерт, не исклучува дека Русија се подготвува за ескалација во Донбас. „Армијата е подготвена, но дали ќе има наредба од политичарите?“, се прашува тој.

„Приближно шест месеци – од јули или август до Нова година – во Донбас имаше вистински прекин на огнот. Речиси воопшто не се пукаше. А во јануари почна ескалација на фронтот и во пропаганда – особено од руска страна“, потсетува аналитичарот.

На овој начин Русија сака да ја принуди Владата во Киев да направи отстапки во преговорите за Донбас, вели Владимир Фесенко од украинскиот Центар за применети политички студии Пента. Политикологот претпоставува дека Русија сака да постигне нова рунда во преговорите со Западот. При тоа, Владата во Москва сака да се дискутира за западните санкции, вклучително и американските санкции поради изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Фесенко не исклучува воен конфликт и истакнува дека Крим сега е огромна воена база: „Таму се концентрирани модерно стратешко и тактичко оружје, не само Црноморската флота, туку и големи воени групи и офанзивни воздушни сили“.

Покрај тоа, вели тој, маневрите извршени во Белорусија во последните години не ја загрозија само Украина, туку и на балтичките земји, Полска и целиот источен блок на Европската унија.

„Русија одамна е подготвена за инвазија“

Михајло Самус од Киевскиот „Центар за армија, конверзија и разоружување“ е убеден дека Русија веќе подолго време се подготвува за инвазија. Бидејќи, уште меѓу 2014 и 2018 година, руската армија концентрирала опрема и единици на границата со Украина.

„Всушност, Русија формираше три нови армии околу Украина“, рече експертот. Шест подморници со ракети Калибар кои можат да носат нуклеарни боеви глави се преместени на Крим. Но, Самус не верува дека Путин би се осмелил на отворен конфликт затоа што претпочита „хибридни провокации“ преку пропаганда.

Според Сузан Стјуарт од Берлинската фондација за наука и политика (SWP), Русија сака да покаже дека сè уште има можности да ја дестабилизира источна Украина. Што се однесува до Западот и особено новото раководство во САД, таа вели: „Ако тоа беше тест на руското раководство, тогаш видоа дека Западот реагира на тоа“.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

КАКВА БОМБА! Софија Вергара ја полуде планетата со слика од нејзината младост, ни бившата на Роналдо не остана имуна на нејзиниот минијатурен костим за...

Кога Ирина Шајк не остана имуна на оваа жешка фотографија, сè е јасно - има убавина и убаво тело, а и денес ситуацијата не...

ПЕПЕЛТА ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА ОД НЕБОТО: Не стивнуваат ерупциите на карипскиот вулкан Ла Суфиер (ВИДЕО)

Вулканот Ла Суфиер исфрли повеќе гас и пепел денес, додека крузер ги евакуираше заглавените на карипскиот остров Сент Винсент покриен со пепел по една...

Напад врз турската армија, ова нема да запре само така!

Групата „Ansar Abu Baker As-Sidik“ објави дека нејзините ќелии извршиле уште еден напад врз турските сили во северозападниот сириски регион Идлиб. Во соопштението, групата тврди...

КАКВА БОМБА! Софија Вергара ја полуде планетата со слика од нејзината младост, ни бившата на Роналдо не остана имуна на нејзиниот минијатурен костим за...

Кога Ирина Шајк не остана имуна на оваа жешка фотографија, сè е јасно - има убавина и убаво тело, а и денес ситуацијата не...

Слични вести

Прва трансплантација на коскена срж од починат донор во Македонија

По повеќемесчни подготовки на клиниката за ортопедија ноќеска е завршена првата трансплантација на коскена срж од починат донор. Се работи за еден од најсложените зафати...

ПЕПЕЛТА ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА ОД НЕБОТО: Не стивнуваат ерупциите на карипскиот вулкан Ла Суфиер (ВИДЕО)

Вулканот Ла Суфиер исфрли повеќе гас и пепел денес, додека крузер ги евакуираше заглавените на карипскиот остров Сент Винсент покриен со пепел по една...

Напад врз турската армија, ова нема да запре само така!

Групата „Ansar Abu Baker As-Sidik“ објави дека нејзините ќелии извршиле уште еден напад врз турските сили во северозападниот сириски регион Идлиб. Во соопштението, групата тврди...

КАКВА БОМБА! Софија Вергара ја полуде планетата со слика од нејзината младост, ни бившата на Роналдо не остана имуна на нејзиниот минијатурен костим за...

Кога Ирина Шајк не остана имуна на оваа жешка фотографија, сè е јасно - има убавина и убаво тело, а и денес ситуацијата не...

Големиот скандал што ги потресе САД, ова може да ја реши судбината на следните претседателски избори!

Мајк Помпео ги отфрли обвинувањата од извештајот и го нарече политички мотивиран документ со бројни фактички грешки. Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, ја...