дома Македонија ЕК: Одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио!?

ЕК: Одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио!?

Портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро, потврди дека изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји за одвојување на Скопје и Тирана е можно сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел.

По изјавата на еврокомесарот Вархеји во Скопје и во интервју за Евроњуз дека не се исклучува Албанија да започне преговори доколку нема едногласен компромис во Советот на ЕУ за Северна Македонија, Писонеро денеска одговори на новинарско прашање дали е ова став на Европската Комисија.

Таа нагласи дека Комисијата стои на ставот дека двете земји се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека тоа е една од опциите во теорија.

„Позицијата на Европската Комисија е многу јасна: сакаме да видиме Меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова да се случи, но Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, таму се наоѓаме, рече Писонеро.

Во однос на изјавата на Вархеји портпаролката прецизираше дека еврокомесарот рекол дека е потребна согласност од земјите членки на ЕУ за одржување на Меѓувладината конференција, чин што го означува формалниот почеток на преговорите со ЕУ.

„Ако нема договор за Македонија, тогаш оваа опција би можела да се разгледа, рече Писонеро коментирајќи го можното одвојување на Скопје и Тирана.

Доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат дека само Албанија треба да започне преговори, Европската Комисија не би се противела на овој став, објасни Писонеро, бидејќи земјата сега ги исполнува сите преостанати услови.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

МАКРОН СЕ СКАРА СО ЏОНСОН ПОРАДИ КОЛБАСИ: Самитот не помина без проблеми!

Британската влада денес ги обвини лидерите на Европската унија дека имаат навредлив став кон Велика Британија затоа што сметаат дека Северна Ирска не е...

Пандев: За нас е големо искуство – шансите не се загубени

Како за прв натпревар на Европско првенство, за нас тоа е едно големо искуство, истакна македонскиот капитен Горан Пандев во изјава по натпреварот во...

На сила остануваат актуелните правила за влез во Грција

Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез...

„Неуспешните“ економски промотори на ВМРО-ДПМНЕ станаа „успешни“ економски советници на СДСМ-ДУИ

Шефот на дипломатијата смета дека и една инвестиција која ќе отвори десет работни места ги оправдува сите трошоци на економските советници Економски советници наскоро ќе...

Слични вести

ХАРИ И МЕГАН ИМААТ КОМПЛЕКС БИДЕЈЌИ САКААТ ЌЕРКАТА ДА ИМ БИДЕ ПРИНЦЕЗА: Беа критикувани за еден потег!

Пред една недела, 39-годишната војвотка Меган Маркл и нејзиниот сопруг, три години помладиот принц Хари, добија ќерка Лилибет Дајана. Парот веќе го има двегодишниот син...

Пандев: За нас е големо искуство – шансите не се загубени

Како за прв натпревар на Европско првенство, за нас тоа е едно големо искуство, истакна македонскиот капитен Горан Пандев во изјава по натпреварот во...

На сила остануваат актуелните правила за влез во Грција

Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез...

„Неуспешните“ економски промотори на ВМРО-ДПМНЕ станаа „успешни“ економски советници на СДСМ-ДУИ

Шефот на дипломатијата смета дека и една инвестиција која ќе отвори десет работни места ги оправдува сите трошоци на економските советници Економски советници наскоро ќе...

Мицкоски: Излезот е победа на обединет опозициски блок, имаме разлики но целта е иста-пораз на Заев

Излезот е победа на обединет опозициски блок. Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофа на...