дома Македонија Захариева, многу се навредувате кога ве пцујат непостоечки луѓе на непостоечки јазик

Захариева, многу се навредувате кога ве пцујат непостоечки луѓе на непостоечки јазик

Значи замолувам да ѝ помогнеме малку на државата. Бидете одговорни како и јас сега, повикува Богдан Илиевски на Фејсбук.

Завариева, ти благодарам затоа што не нарекуваш коминтерновска измислица и ни го негираш јазикот нарекувајќи го бугарски дијалект. Ова е прекрасен гест и ти си прекрасна личност, вистински генијалец!

Восхитени сме од великодушноста, благородноста и толерантноста која ја покажуваш. Превозбудени сме од самата можност повторно да ни се обратиш во скоро време (утре веројатно, ах со нетрпение чекаме) и заедно со прекрасниот волшебен, питом, скромен и премудар Какакачанов да ни кажете на најубав оригинален прабугарски јазик на кој се описменил целиот свет и поголем дел од вселената, дека сме измислица на српско-комунистичката пропаганда, дека не знаеме што биле и против што се бореле нашите дедовци и прадедовци и дека само вашите фалшиви тези за историјата се единствената историја која мора да ја знаеме и мантраме бидеќи за да стане некој член на ЕУ треба да прифаќа и такви важни работи како вашата историја.

Едновремено душа ни кине и срце плаче кога некој на ваквите медени думи кои ни ги упатувате, ќе ве потсети дека пред 70-тина години со фашисти и нацисти сте ја окупирале оваа земја, за што има и живи сведоци и документи, а дека асимилаторските соништа толку влажни што на оваа земја се претвориле во многу крв не ве напуштаат ни ден денес во 21-вовековна Европа – тоа е едноставно една преубава работа, магичен однос, восхитувачко поведение!

Замолувам да не им замерувате на таквите кои паметат и знаат, наместо да се образоваат во новиот нормален европски дух на добрососедство и целосно да се согласат со вашата блесавост. Пардон, преубава, премила, прекрасна, преслатка блесавост од клинички размери (за во најубавите клиники со 24 часа парно, розеви ѕидови и прекрасни доктори).

Особено, но навистина особено не’ радува кога се заканувате по нашата иднина со тенкови и полкови (прекрасни тенкови и волшебни полкови, сигурен сум!), со блокади и ветоа (миризливи блокади, златни ветоа!), прекрасно портретирајќи еден високоцивилизациски дијалог од типот „или ќе кажете дека потекнувате од бугарите, или нема Европа за вас“. Ах, ах, воскликнувам! Предобри сте!

Патем, многу-многу не’ растажува кога некој ќе ве налути ( ) бидејќи ви опцул три хубави дизни маичини затоа што сте му рекле дека не постои ни тој ни неговиот јазик, бидеќи прво некој кој не постои не може да ве навреди, второ, истото не може да го стори особено на непостоечки јазик. Но, знаеме дека ваквите паранормални ситуации ви учинуваат нелагодност и сепак се извинуваме и за тоа. И плукаме по таквите непостоечки навреди од непостоечки лица, пу пу пу! (воедно се извинуваме и ако пу-пу го сметате за единаесеттоктомвриска инсинуација, проклет да е антифашизмот кој ви создава немир и ноќно потење!)

Светот и векот не познаваат попрекрасни луѓе и понајпрекрасни соседи, ма што соседи – браќа! Ма што браќа – една душа во две тела и три морета! Вие сте благодет човек да ве има за најблиски! Ние сме допрени од раката на Сесоздателот кој решил дека треба да сме едни покрај други, за да можеме да си подадеме рака…
…иако веројатно ќе беше појасна ситуацијата ако граничевме со Тамилски тигри.
Срдечно и со најголема милост,
Ебавененормалнителудациебаве…

 

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

Еве како да направите чипс од портокал! Едноставен рецепт за нешто сосема поинакво!

Експертите велат дека просечното овошје од портокал содржи дури 93% од препорачаната дневна количина на витамин Ц што треба да го внесеме во организмот. Благодарение...

Научниците ги споредиле нервните и космичките мрежи и заклучиле: Човечкиот мозок изгледа како универзумот

И покрај огромната разлика во големината, човечкиот мозок покажува слично ниво на сложеност и самоорганизација како универзумот, заклучија астрофизичарот Франко Ваза од Универзитетот во...

Nordic Monitor: Во Македонија шпионирани десетици домашни и странски државјани

Нордиската мрежа за истражување и мониторинг објавува документи според кои само до 2018 година од една земја во Македонија биле шпионирани 78 луѓе од...

Веќе не можеше да молчи: братот на принцезата Дијана зборуваше за четвртата сезона на „The Crown“: Постојат многу шпекулации и измислици

Кралската драма на Netflix во четвртата сезона нè запознава поблиску со животот на принцезата Дајана, или барем така требаше да биде. Братот на принцезата...

Слични вести

Јованова-Грујовска: Како не постоел македонски јазик, „Бели Мугри“е објавена во 1939-та

Ако е историски факт е дека македонскиот јазик е кодифициран, односно официјално озаконет во 1945 година, дали значи дека во периодот пред таа година...

Научниците ги споредиле нервните и космичките мрежи и заклучиле: Човечкиот мозок изгледа како универзумот

И покрај огромната разлика во големината, човечкиот мозок покажува слично ниво на сложеност и самоорганизација како универзумот, заклучија астрофизичарот Франко Ваза од Универзитетот во...

Nordic Monitor: Во Македонија шпионирани десетици домашни и странски државјани

Нордиската мрежа за истражување и мониторинг објавува документи според кои само до 2018 година од една земја во Македонија биле шпионирани 78 луѓе од...

Веќе не можеше да молчи: братот на принцезата Дијана зборуваше за четвртата сезона на „The Crown“: Постојат многу шпекулации и измислици

Кралската драма на Netflix во четвртата сезона нè запознава поблиску со животот на принцезата Дајана, или барем така требаше да биде. Братот на принцезата...

ВАЖНО ОТКРИТИЕ: Сега знаеме кога заразените од коронат се најинфективни – ова е загрижувачко

Истражувањата покажуваат дека пациентите имаат највисоко ниво на вирус во раната фаза на болеста, а вирусот способен за репродукција е пронајден дури девет дена...