дома Македонија Како мафијашите со македонски пасоши летале преку скопскиот аеродром?

Како мафијашите со македонски пасоши летале преку скопскиот аеродром?

Според информациите со кои располага македонската опозиција десетици од тие 215 странски криминалци кои добиле лажни пасоши за време на министерување на Оливер Спасовски во времето на СДСМ во светот патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром.

Тоа покажува дека во криминалната мрежа на делови на МВР и меѓународни мафијаши е можно да не се вклучени само фалсификаторите, криминалците со лажен идентитет и нарачателите на фалсификатите туку и шефови и припадници на гранични служи на скопскиот и охридскиот аеродром.

Извесно е дека службите за безбедност на двата македонски аеродроми биле лице в лице со сомнителните лица кои со добиени лажни пасоши кон светот заминувале од скопскиот и охридскиот аеродром.

Тие што често патуваат преку македонските аеродроми знаат дека при излез од Македонија полициските службеници на шалтерот на кој се проверуваат патните документи имаат процедура во која патникот го прашуваат каде патува.

Како е можно ниту еден од овие 215 носители на спорни пасоши кои патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид да не биде детектиран и проверен како сомнителен засега е нејасно но упатува на две можности: Или имале многу среќа и не биле никогаш прашани каде патуваат или биле “пречекани” на ниво.

На секој полицаец кој го поставува прашањето “каде патувате” ќе му текнело дека нешто не е во ред со патникот ако тој не можел да одговори на македонски јазик.

А според досегашните информации речиси никој од луѓето што патувале со лажни македонски пасоши и со македонски имиња на нив не го знаел македонскиот јазик.

Некои од нив патувале и по неколку пати од скопскиот аеродром.

Истрагата што според министерот Спасовски се одвива од пред две години ќе мора да одговори и на ова прашање затоа што е неверојатно дека никој од тие што биле прашани каде патуваат не бил сомнителен кога не знаел да одговорат на македонски јазик на прашањето на граничните полицајци или на царината која исто така може да поставува прашања.

Дали во овој полициско – мафијашки ринг се инволвирани и други луѓе кои сега не се уапсени или под истрага, а меѓу нив и највисоки функционери во МВР, е едно од клучните прашања на кои ќе мора да се одговори затоа што овде станува збор за целосно фијаско не само за системот на издавање на документи туку и на контролата на аеродромските гранични служби.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Почина најстарата американка на 116 години: Хестер остави зад себе 100 правнуци и правнуци! Го закопа сопругот пред половина век!

Почина најстарата Американка, Хестер Форд, која имаше 116 години, оставајќи зад себе многу потомци, меѓу кои околу 100 правнуци, соопшти денес нејзиното семејство. Иако постоеше...

НАЈУБАВОТО ЛИЦЕ ВО ОКТАГОНОТ: ММА убавица која ги уништува противниците (ФОТО)

Новата ММА сензација се вика Трејси Кортез.   View this post on Instagram   A post shared by Tracy Cortez (@cortezmma) Таа ја забележа третата победа во УФЦ и...

Еве што точно направи Кејт за да ги натера Вилијам и Хари да разменат неколку зборови, а британската нација сега ја фали на сите...

Кејт Мидлтон се разбуди во неделата како вистинска хероина откако сите пишуваа токму таа е одговорна за помирувањето на Вилијам и Хари. Ден по погребот...

ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ПРАГА! Дојдоа пред амбасадата со антируски транспаренти, а потоа почнаа да ги тепаат како волови! (ВИДЕО)

Пред зградата на Руската амбасада во Прага дошло до конфликт меѓу учесниците во антируската протестна акција и нивните противници, пренесува Чешката телевизија. Претставници на граѓанската...

Слични вести

УДРИЈА ПО „ОДМЕТНИЦИТЕ“: Гуруа од подземниот свет во пет наутро се обидоа да го уништат сонот и да го уништат европскиот фудбал!

Најбогатите клубови во Европа сакаат да направат своја Супер лига, а потпис на оваа замисла ставија: Реал Мадрид, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона, Арсенал,...

НАЈУБАВОТО ЛИЦЕ ВО ОКТАГОНОТ: ММА убавица која ги уништува противниците (ФОТО)

Новата ММА сензација се вика Трејси Кортез.   View this post on Instagram   A post shared by Tracy Cortez (@cortezmma) Таа ја забележа третата победа во УФЦ и...

Еве што точно направи Кејт за да ги натера Вилијам и Хари да разменат неколку зборови, а британската нација сега ја фали на сите...

Кејт Мидлтон се разбуди во неделата како вистинска хероина откако сите пишуваа токму таа е одговорна за помирувањето на Вилијам и Хари. Ден по погребот...

ЖЕСТОКА ПРЕСМЕТКА ВО ПРАГА! Дојдоа пред амбасадата со антируски транспаренти, а потоа почнаа да ги тепаат како волови! (ВИДЕО)

Пред зградата на Руската амбасада во Прага дошло до конфликт меѓу учесниците во антируската протестна акција и нивните противници, пренесува Чешката телевизија. Претставници на граѓанската...

ХОРОСКОП ЗА 19 АПРИЛ: ДЕНЕС Е ЉУБОВЕН ДЕН! ЕВЕ НА КОГУ ДЕНЕС ЌЕ МУ СЕ ПОСРЕЌИ, А КОЈ ЌЕ Е ТАЖЕН И ЌЕ ПАТИ!

ОВЕН РАБОТА: Ќе имате можност да постигнете значителен напредок во областа на работата. Може да се надевате на позитивни случувања. Пред вас е ден што...