дома Македонија Малите сместувачки објекти од денеска може да аплицираат за сертификат и печат...

Малите сместувачки објекти од денеска може да аплицираат за сертификат и печат “Чисто и безбедно”

– Сите видови сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.   Комората посочува дека локалните самоуправи имаат евидентирано неколку илјади категоризирани и некатегоризирани сместувачки објекти од мал обем (куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби кои се издаваат) со вкупен капацитет поголем од 20.000 легла. Најголема концентрација на овие сместувачки капацитети се наоѓаат во познатите македонски туристички места. Голем дел од нив се издаваат преку познатите светски платформи како што се booking.com или airbnb.com, а дел од нив и преку македонските веб интернет платформи или мали огласи.

– Зголемената перцепција и потреба на гостите за безбедноста и хигиената во угостителските објекти за сместување станува се поголем конкурентен фактор во изборот каде и по која цена ќе го доверат својот престој или одмор. Со цел да им овозможиме на домашните и странските гости правилен и сигурен избор на места каде ќе можат да се чуствуваат чисто и безбедно за време на својот престој или одмор доколку користат сместувачки објекти од мал обем – приватно сместувања во куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби ја проширивме нашата кампања и верификација со сертификатот и печатот “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” со можност на сертифицирање и на овие сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштението на НУК. Сите сопственици што издаваат сместувачки објекти од мал обем (куќа, вила, викендица, стан, апартман или соба/и) и ги спроведуваат целосно и правилно важечките препораки и протоколи за работа на угостителски објекти, користат средства за хигиена и дезинфекција од званични и регистрирани производители и добавувачи можат да аплицираат за добивање на сертификат и печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО со што ќе можат да го потврдат и верификуваат на локално и глобално ниво својот сместувачки објект од мал обем за чист и безбеден што нуди сигурен престој и одмор за домашни и странски гости.

– Со овој сертификат се укажува дека сопственикот на објектот претставува сериозна и одговорна личност која се обврзува свесно да ги почитува и применува во целост сите здравствени протоколи за заштита и превенција на здравјето на вработените и гостите во услови на пандемија Ковид-19. Овозможувајќи на овој начин да се приклучат и сопственици на овие сместувачки објекти придонесуваме сите ние заеднички да учествуваме во изградба и препознатливост на стандарди со национална кампања за независен македонски идентитет за чист и безбеден престој во сите угостителски објекти и сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштенето на НУК.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

ГО ОДБИ РОНАЛДО БИДЕЈЌИ НЕ Е НЕЈЗИН ТИП! ОД НЕЈЗИНИТЕ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ СРЦЕТО МОЖЕ ДА ВИ ЗАСТАНЕ: Русинка која го ЗАПАЛИ нетот!

Вики Одинцова, жешка Русинка која своите 5 милиони следбеници ги „почастува“ со провокативни фотографии речиси секој ден, уште еднаш направи вистински хаос на социјалните...

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ТРГНУВА ВО ЛОВ НА ВОНЗЕМЈАНИ: Гајле ѝ е за туѓите мислења, сигурна е дека има ПЛАН како да ги фати

Познатата американска пејачка Деми Ловато наскоро ќе стане водител, додека емисијата што ќе ја води ќе се занимава со вонземјани. Одам на патување во...

Софија Лорен има ЕВТИНО и ПРИРОДНО решение против ПОДОЧЊАЦИ! Сè што ви треба е ОВОЈ производ (ФОТО)

Многу актерки имаат свои мали трикови за да изгледаат свежо и одморено, а убавата Софија Лорен не е исклучок. Еден од нејзините најголеми проблеми...

Оризовите полиња во Кина се магични

Прекрасните полиња со ориз во Кина зафаќаат илјадници километри планини и долини. Скалестите оризови полиња започнале да се градат пред 1.300 години и преживеале до...

Слични вести

ЗАШТО И ТРЕБАШЕ ОВА: Ким Кардашијан експериментира со новиот изглед и не сите се возбудени! (ФОТО)

Ким Кардашијан (40) ги обожава модата и трендовите. Таа многу пати експериментирала со својот изглед, менувајќи го начинот на облекување, шминка, па дури и...