дома Македонија Мицевски: Неусогласеноста помеѓу СДСМ, ДУИ и БЕСА го кочи функционирањето на Собранието

Мицевски: Неусогласеноста помеѓу СДСМ, ДУИ и БЕСА го кочи функционирањето на Собранието

Поминаа веќе три месеци откако Собранието на Република Македонија започна со работа, а се уште се соочуваме со негова нефункционалност во повеќе сегменти. Партиската коалиција помеѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ, поради нивната неусогласеност се уште го оставаат Собранието без состави на клучни органи во неговото функционирање, обвинува Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија се уште нема избрани потпретседатели на Претседателот на Собранието кои би биле замена доколку Талат Џафери не е во можност да присуствува на собраниска седница. Исто така од изборот на потпретседатели зависи и формирањето на Буџетскиот совет на Собранието кој е клучен за финансиското работење на законодавниот дом. Не е формиран ниту Националниот совет за европски интеграции кој што е пандан на Комисијата за европски прашања и кој што е потребно итно да биде формиран посебно во период кога Македонија чека почеток на преговорите со ЕУ како и Делегација во Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ, истакна тој.

Мицевски потенцира дека не се формирани ниту Билатералните групи за соработка со 50 парламенти во светот преку кои што пратениците остваруваат комуникација и соработка со амбасадори и парламенти.

Три месеци веќе нема состав ниту на Делегацијата на Парламентарнито Собрание на советот на Европа, Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ, не функционира ниту Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО , Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеран, потоа Делегација на Парламентарната димензија на Централно- европската иницијатива како и Делегацијата на Интерпаламентарната унија и Делегацијата на Парламентарното собрание на Парламентарната соработка со Југоисточна Европа. Без овие делегации, билатерални групи и национални совети, Собранието на Република Македонија не им го обезбедува правото на пратениците да остваруваат меѓународни контакти и соработки со земјите од Европа и остатокот од парламентите во светот. Со коалициското несогласување помеѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ, власта ја кочи редовната работа и процесите во Собранието и преку ова Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров не даваат можност пратениците да ги остваруваат своите права и обврски кои им произлегуваат од мандатот даден од граѓаните на Република Македонија, истакна тој.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

Луда забава: Нема да верувате што најмногу сака ова куче да прави (ВИДЕО)

Велат дека најважно во животот е да знаете да бидете сами. И не само тоа, туку и како да се забавувате убаво. И, благодарам на Бога,...

СНИМЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА: Со експлозив разнеле банкомат во Приштина! (ВИДЕО)

Портпарол на косовската полиција, Агрон Боровци, потврди дека утрово била ограбена банка во Приштина, откако разбојниците разнеле банкомат со експлозивна направа, објавија приштинските медиуми. Боровци...

Заев за легализација на марихуаната: Скопје како Амстердам, зошто да не!

Во интервју за Дојче Веле на македонски јазик, премиерот Зоран Заев најави легализација, односно декриминализација на употребата на марихуана во угостителските места. „Тоа е дел...

СЗО: Не препорачуваме употреба на Ремдесивир кај заразени лица

Светската здравствена организација вчера официјално објави и им соопшти на лекарите дека не го препорачува Ремдесивир на „Gilead“ за третман на хоспитализирани пациенти заразени...

Слични вести

РОНДА: Град скриен во карпи, под облаците (ФОТО)

Сместен е во провинцијата Малага и се смета за еден од најстарите градови во светот. За прв пат Ронда била населена со Келти, кои ја...

СНИМЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА: Со експлозив разнеле банкомат во Приштина! (ВИДЕО)

Портпарол на косовската полиција, Агрон Боровци, потврди дека утрово била ограбена банка во Приштина, откако разбојниците разнеле банкомат со експлозивна направа, објавија приштинските медиуми. Боровци...

Заев за легализација на марихуаната: Скопје како Амстердам, зошто да не!

Во интервју за Дојче Веле на македонски јазик, премиерот Зоран Заев најави легализација, односно декриминализација на употребата на марихуана во угостителските места. „Тоа е дел...

СЗО: Не препорачуваме употреба на Ремдесивир кај заразени лица

Светската здравствена организација вчера официјално објави и им соопшти на лекарите дека не го препорачува Ремдесивир на „Gilead“ за третман на хоспитализирани пациенти заразени...

Јакимовски до службите за безбедност: Слепци едни, не сум јас враг на Заев, Борисов е

Лидерот на Гром Стевче Јакимовски им се обраќа на безбедносните служби кои што го чуваат премиерот Заев. Јакимовски прави споредба со Србија која точно знаела...