Трагедија се овие бројки, трагедија.
Не можам да простам дека до пред 10 дена сакаа попис и никакви мерки, дека релевантни луѓе кажуваат како се касни 2 месеци со мерките.
Јака им душа на семејствата и на оние лекари кои безусловно помагаат додека се соочени со вакви црнила.
Политиката катастрофално потфрли во нашата земја.

Вака аналитичарот Ивор Мицкоски ги коментира денешните бројки од ковид статистиката. 51 починат, 1302 позитивни, најцрн биланс досега.
И новинарката Мери Јордановска со коментар за денешната бројка на починати лица како последица на корона.

Не постои држава во светов со толку мал број жители, а да има толкав број починати од Ковид-19, колку што ние имаме денеска.

Со 68 милиони жители, во Британија денеска се регистрирани 45 смртни случаи.
И тоа е се што треба да знаеме за коронавирусот во Македонија – и за несовесното однесување на луѓето и за неможноста на здравствениот систем да се справи со оваа ламја и за недостигот од вакцини – пишува Јордановска.