дома Македонија МЦМС: Економските мерки и образованието од граѓаните добиле средна оценка 2,3

МЦМС: Економските мерки и образованието од граѓаните добиле средна оценка 2,3

Македонија – Граѓаните и дале средната оценка за економските мерки на Владата (2,3) во што го спроведе МЦМС посветено на актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 кое ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. -Мнозинство од 66,5% ги оцениле мерките со 2 или 3 на скала од 1 до 5.

Резултатите покажуваат дека најголем број граѓани се за некој вид полуотворена економија. Меѓу двата екстрема: „да се воведат рестрикции и затворање затоа што здравјето мора да се заштити“ и „економијата треба да остане отворена без никакви рестрикции“, мнозинство од 57,7%, на скала од 1 до 7 најчесто ги одбирале скалилата 3,4 и 5. Пандемијата не ги загрозила значајно работните места. Вкупно 7,1% останале без работа, додека 44,1% ги задржале своите позиции. Што се однесува до платите на работниците, кај околу две третини немало намалување. Првите пет најпогодени сектори од кризата се: сите сектори, угостителството, приватниот сектор, економијата и туризмот, посочуваат од МЦМС. Средната оценка која испитаниците му ја дале на образовниот процес за учебната 2020/2021 година е 2,3.

-Речиси една четвртина (23,3%) го оцениле образовниот процес со незадоволителен 1, а само 2,7% од нив сметаат дека е одличен. Мнозинството на испитаници (60,7%) сметаат дека Министерството нема план за новата учебна година за одвивање на наставата со физичко присуство, се наведува во соопштението од МЦМС.

Истражувањето, како што наведуваат, покажа дека има влошување во односите во семејството во однос на претходната година. -Иако мнозинство (58,6%) сметаат дека односите во нивното семејство останале исти, има намалување во однос на претходната година кога овој процент бил 71,0%. Околу една третина понекогаш или често чувствувале вознемиреност (37,3), страв (35,0%), лутина (34,1%), осаменост (32,7%) или тага (29,0). Овие чувства се поизразени сега, во споредба со претходната година. Исто така, поизразени се кај жените.

Мнозинство од граѓаните (62,0%) сметаат дека не се случиле промени во нивното ментално здравје, посочуваат од МЦМС. Граѓаните следат новости за пандемијата еднаш или повеќе пати на ден (70,1). Иако висок, овој процент, според МЦМС, покажува пад за околу 10 процентни поени во следењето на новости во однос на претходната година. -Речиси две третини од испитаниците (64,4%) сметаат дека информациите се конфликтни и не може да изградат јасна слика за вирусот, се наведува во соопштението од МЦМС.

Ова е третиот и последен дел од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) посветен наактуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 во кое се презентирани ставовите на граѓаните за влијанието на кризата врз економијата и мерките на Владата за помош на компаниите, за квалитетот на образовниот процес, психолошките последици од пандемијата и начинот на кој граѓаните се информираат за неа.

Деталните анализи се дел од извештајот: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ што е објавен на веб страната на МЦМС (www.mcms.mk). За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

ЗОШТО БАКНУВАЊЕТО Е ЗДРАВО? Ова се работите што се случуваат во вашето тело за време на бакнежот

Бакнувањето е многу корисно кога станува збор за физиолошко здравје, создава добро расположение и ја продлабочува интимноста со личноста со која сте во врска. Во...

МЛАДИОТ ФАРМЕР ГО ЗБУНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Објасни како ЈАЈЦАТА се ставаат во фрижидер за да останат свежи! Тоа сме го правеле ПОГРЕШНО цело време...

Младиот земјоделец Ноа Јанг го откри најдобриот начин за складирање на јајца. Тој тврди дека зашилениот дел од јајцето всушност треба да се стави...

Една од НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ на светот е во ВРСКА со него, а сега е фатен со друга девојка! (ФОТО)

Уште кога се појави веста дека убавата холивудска актерка се забавува со раперот Колсон Бејкер, односно Machine Gun Kelly (МGK), како што е неговото...

Слични вести

ПРЕЉУБАТА ШТО ГИ ШОКИРА СИТЕ: Се појави контроверзна старлета која го привлече гневот во јавноста поради аферата со вереникот на Џеј Ло и конечно...

Реалити sвездата „Јужна шарм“ Медисон ЛеКрој (30) им посака сè најдобро на Алекс Родригез (45) и Џенифер Лопез (51), пренесуваат американските медиуми. Им посакувам...

МЛАДИОТ ФАРМЕР ГО ЗБУНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Објасни како ЈАЈЦАТА се ставаат во фрижидер за да останат свежи! Тоа сме го правеле ПОГРЕШНО цело време...

Младиот земјоделец Ноа Јанг го откри најдобриот начин за складирање на јајца. Тој тврди дека зашилениот дел од јајцето всушност треба да се стави...

ЗОШТО БАКНУВАЊЕТО Е ЗДРАВО? Ова се работите што се случуваат во вашето тело за време на бакнежот

Бакнувањето е многу корисно кога станува збор за физиолошко здравје, создава добро расположение и ја продлабочува интимноста со личноста со која сте во врска. Во...

Една од НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ на светот е во ВРСКА со него, а сега е фатен со друга девојка! (ФОТО)

Уште кога се појави веста дека убавата холивудска актерка се забавува со раперот Колсон Бејкер, односно Machine Gun Kelly (МGK), како што е неговото...

ТОЈ Е ТАТКО НА 253 ДЕЦА: Владиката Лонгин има големо срце, спаси стотици деца од сигурна смрт (ВИДЕО)

Владиката Лонгин Черновички, игумен на манастирот во Банченски (Украина), ги посвојува сите деца отфрлени од нивните родители уште од 90-тите години на минатиот век. https://www.youtube.com/watch?v=KAutS6kYmVg Од...