Во чест и сеќавање на македонскиот револуционер, делегацијата од Кабинетот на македонскиот претседател ја предводеше генералниот секретар Миле Бошњаковски, кој денеска положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“. Цвеќе положија и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничките Даниела Маркоска и Велика Стојкова – Серафимовска.

Покрај делегациите на државните институции, во чест и сеќавање на Гоце Делчев цвеќе положија и здруженија и граѓани.

Пендаровски и Заев не положија цвеќе ни на годишнината од раѓањето на револуционерот овој февруари, но ни на сите останати годишнини изминатите години.

Па, така, на секоја годишнина од раѓањето и смртта на најголемиот револуционер, пред гробот се поклонуваат второразредни претставници од власта, а Заев во „Свети Спас“ последно беше забележан на Илинден 2019 година, кога цвеќе положуваше заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Претходно, исто така заедно со Борисов, се поклони пред гробот на Делчев оној Илинден 2017 година кога го потпишаа „добрососедскиот“ договор.