дома Македонија Полицајци ги известувале обвинителите дека го имаат на око Мијалков, а на...

Полицајци ги известувале обвинителите дека го имаат на око Мијалков, а на крај им кажале дека побегнал

До последен момент обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов биле известувано од полицајци од МВР дека го имаат Мијалков пред очи и дека состојбата е под контрола, но кога требало да му биде врачено решението за определената мерка куќен притвор, обвинителите добиле известување дека има проблем и дека не можат да го најдат Мијалков.

Во соопштението што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го испрати до медиумите се вели дека постојат основи на сомнение дека Мијалков имал помошник за да побегне и за тоа ќе биде отворена постапка.

„Во врска со издржувањето на мерката куќен притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во моментот на завршување на главната расправа за предметот Таргет-Тврдина, обвинителите кои постапуваа во предметот немале никакви индиции дека обвинетиот подготвува бегство. Но и покрај тоа, по завршување на главната расправа, со цел да се преземат превентивни мерки, го известиле Министерството за внатрешни работи дека главната расправа е завршена. Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор”, велат од ОЈО ГОК.

Од таму додаваат дека решението од страна на обвинителството е примено во 18:45 часот, а во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

„Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија”, додаваат од ОЈО ГОК за бегството на Мијалков.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

МАРАДОНА Е УБИЕН: Откриени нови детали за неговата смрт во живо на програмата! (ВИДЕО)

Страстите не стивнуваат по смртта на Диего Марадона, иако поминаа три месеци. Во една програма на аргентинската телевизија, адвокатот на синот на Диего, Марио Баудри...

Полицајци ги известувале обвинителите дека го имаат на око Мијалков, а на крај им кажале дека побегнал

До последен момент обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов биле известувано од полицајци од МВР дека го имаат Мијалков пред очи и дека состојбата...

СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД ЧИИ ЗЛОСТОРСТВА ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ КРВТА ВО ВЕНИТЕ! Опседна со невини девојки, неговата сопруга му помогнала да ги најде, силува...

Сериски убиец од Франција, опседнат со невиноста на девојчињата, е осомничен за силување и убиство на вкупно 32 девојчиња со помош на неговата сопруга. Мишел...

Ha paзговор во полициja и сопpyгата и обeзбедyвaњeтo на Mиjaлкoв

Членовите на обезбедувањето на Сашо Мијалков се повикани на распит во полициската станица во Кисела Вода. На информативен разговор се повикуваат и сите членови на...

Слични вести

Памела се уклучи во шоу во живо од креветот со нејзиниот нов сопруг (ВИДЕО)

Холивудската sвезда Памела Андерсон неодамна го изненади светот објавувајќи дека се омажила за телохранител за време на карантинот. Иако нејзиниот шести сопруг дојде како шок...

Полицајци ги известувале обвинителите дека го имаат на око Мијалков, а на крај им кажале дека побегнал

До последен момент обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов биле известувано од полицајци од МВР дека го имаат Мијалков пред очи и дека состојбата...

СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД ЧИИ ЗЛОСТОРСТВА ЌЕ ВИ СЕ ЗАЛЕДИ КРВТА ВО ВЕНИТЕ! Опседна со невини девојки, неговата сопруга му помогнала да ги најде, силува...

Сериски убиец од Франција, опседнат со невиноста на девојчињата, е осомничен за силување и убиство на вкупно 32 девојчиња со помош на неговата сопруга. Мишел...

Ha paзговор во полициja и сопpyгата и обeзбедyвaњeтo на Mиjaлкoв

Членовите на обезбедувањето на Сашо Мијалков се повикани на распит во полициската станица во Кисела Вода. На информативен разговор се повикуваат и сите членови на...

Пендapoвcки: Бeгcтвoтo нa Мијалков ги диcкpeдитиpa нaпopитe зa cпpaвyвaњe co кpиминaлoт и виcoкaтa kopyпциja

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегcтвoтo на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки...