дома Македонија Се враќа ли Бранко со нова партија во македонската политика?

Се враќа ли Бранко со нова партија во македонската политика?

Дали Бранко Црвенковски се враќа во политиката?! – Наводно екс лидерот на СДСМ кој 20 години беше на чело на партијата ќе формира нов политички субјект со незадоволни членови, пишува ТВ21 која е блиска на ДУИ.

Од СДСМ не потврдуваат ниту негираат такво нешто. Велат дека секој може да формира партија во едно демократско општество.

“Се појавија независни листи во неколку општини. Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали има договор внатре во партијата,одговори одмерено.

„Различни сме од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање“, посочи Зоран Заев.

Дека СДСМ се соочува со политички потреси покажува и фактот што Радмила Шеќеринска по 8 години на функцијата потпретседател на СДСМ се повлекува од оваа висока функција и нема да се кандидира повторно за истата. Потоа настаните со директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски кого го разрешија од Владата на Заев. Незадоволство има и во општинските совети. Актуелни членови на СДСМ од Охрид, планираат да одат на следните локални избори со листи и независни кандидати. Од друга страна, долго време се зборува за недоразбирањата меѓу градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со партиското раководство. Според одлуката на општинската конференција тој нема да биде дел од централниот одбор на СДСМ”, објави ТВ21.

Шпекулации за нова партија предводена од Црвенковски се појавија уште пред десетина дена но засега ниту тој ниту негови блиски луѓе не ги потврдуваат или демантираат ваквите гласини.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Мајка изградила мостови до училиштето за нејзиниот син (ВИДЕО)

Грижлива мајка во кинеската провинција Хенан потрошила повеќе од милион јуани или околу 154 000 американски долари за да изгради два метални моста за...

Поради совет на TikTok, си го изобличи лицето, и останаа лузни: „Иглите ги бутнав длабоко во кожата“ (ФОТО)

Тили Витфелд, учесничка на австралискиот „Big Brother“, го покри лицето со рани и лузни, а последица од тоа е советот од доменот на убавицата...

Корона вирус и туризам со вакцини: „Немав шанса да се вакцинирам дома“

И додека многумина во својата земја се соочуваат со премногу бавна програма за вакцинирање, оние што можат да си го дозволат тоа бараат дестинации...

ПОРАКА ВО ШИШЕ ОД ТИТАНИК! После 105 години, пронајдено е писмо од девојче (12), истражувачите во шок (ВИДЕО)

Пораката во шишето што беше фрлена во морето од палубата на британскиот патнички брод Титаник неколку часа пред потонувањето на овој брод, ги остави...

Слични вести

Чудо по 40 години: Исплива црква во Мексико

Древната црква „Virgen de los Dolores“ во Мексико се појави над површината на водата откако сушата го намали нивото на езерото во кое беше...

Поради совет на TikTok, си го изобличи лицето, и останаа лузни: „Иглите ги бутнав длабоко во кожата“ (ФОТО)

Тили Витфелд, учесничка на австралискиот „Big Brother“, го покри лицето со рани и лузни, а последица од тоа е советот од доменот на убавицата...

Корона вирус и туризам со вакцини: „Немав шанса да се вакцинирам дома“

И додека многумина во својата земја се соочуваат со премногу бавна програма за вакцинирање, оние што можат да си го дозволат тоа бараат дестинации...

ПОРАКА ВО ШИШЕ ОД ТИТАНИК! После 105 години, пронајдено е писмо од девојче (12), истражувачите во шок (ВИДЕО)

Пораката во шишето што беше фрлена во морето од палубата на британскиот патнички брод Титаник неколку часа пред потонувањето на овој брод, ги остави...

Елен Деџенерис по 19 сезони објави збогување со публиката

Познатата водителка Елен Дегенерис одлучи претстојната 19-та сезона на нејзиното ток-шоу „The Ellen Degeneres Show“ да биде последна. Презентерката ја разгледуваше оваа одлука неколку...