дома Македонија Шопова: Оставки мора да има

Шопова: Оставки мора да има

Денот на здравјето и здравствените работници помина.

Ден потоа следи НАГРАДАТА за здравствените работници од нашиот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче: покачувањето од 5 % нема да се исплати, ќе сме добиеле медаљи!!!

Веднаш да Ви кажам г- дине Заев медаљи од Вас не ни се потребни , ние ги добиваме секојдневно со секој излекуван пациент и за тоа сме обострано горди!

Но исто така добиваме, последниве неколку месеци, дневно по 30-50 изгубени битки кои не се надокнадуваат со ништо на светов! А дали знаете ЗОШТО!? Па иако повеќе пати сум кажала не само јас ,туку многу од нас, повторно ќе ви напишам , знаејќи дека тоа не допира до вас:

1.Го урнавте здравствениот систем со вашите полтрони кои не знаат како да се организират,

2.Ги натеравте голем дел од најдобрите здравствени работници да си заминат во приватниот сектор, сега кога му се најпотребни на овој народ кој го доведовте на просјачки стап

3.назначените ваши директори координатори , “видни” професори, не и дозволуваат слобода на научната мисла, за доброто на сите нас,

4.го живееме италјанското сценарио наместо да го превенираме…а имавме време да се припремиме, ама вие ја славевте победата,

5.немаме можност да им го приуштиме лекувањето на сите за жал . Дали вие воопшто знаете дека животот е убав и на 10, 27, 45 , 58, 70, 92 години…но луѓето ни умираат на сите возрасти, замислете и тоа ваше ветување дека имаме доволно кревети, не е вистинито, кревет има за тој што се познава со вашите послушници, а другите мора да се лекуваат или дома или во приватните болници,

6.Прогласувате кризна состојба во која ниедна од институциите не си ги знае своите ингеренции : градоначалник, полиција, кризен штаб армија, а тоа повторно не чини, еден човечки живот , и да неречам повторно за виновен се стремите да прогласите еден обичен лекар без звучно презиме, кој почитувајќи ја Хипократовата заклетва , како во воени услови се бори за еден човечки живот! А нашите т.е. вашите неорганизирани институции во прогласена кризна состојба не си ги знаат ингеренциите , зошто сеуште немаат свои механизми за алармирање, постапување…. а за друго несакам ни да помислам…

7. Превземените превентивни мерки не вродија со плод затоа што не си го знаете својот народ, навиките на својот народ , обичаите на својот народ…но затоа сакате и се трудите да им ја смените историјата,

8. вакцините кои за вас се само дополнителен начин да си го зголемите сопствениот буџет всушост се спас за секоја заразна болест, докажано многу поодамна , но и денес ( пр.Израел)
…има уште многу за што треба да одговарате , а вашата изјава:

” Не мислам дека треба да поднесам одговорност ,нема да поднесам одговорност, и нема да побарам одговорност ”
во една Европска земја, од еден премиер гласи:

Треба да поднесам одговорност, ќе побарам одговорност и ке си поднесам ОСТАВКА, заради сето горенаведено и заради многу, многу други пропусти…

Денот на здравјето и здравствените работници помина.
Ден потоа следи НАГРАДАТА за здравствените работници од нашиот…

Posted by Zaklina Sopova on Thursday, April 8, 2021

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

УЕФА ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА! Промена во вредноста на ГОЛ ВО ГОСТИ!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе размисли за промена на правилата за голови во гости, објавија денес италијанските медиуми. Како што се наведува, веќе имало официјални...

СИГУРНО НЕ го знаевте ОВА! Ова е причината зошто хаските имаат сини очи

Кај повеќето кучиња, бојата на очите е поврзана со бојата на косата. Но, тоа не е случај со сибирските Хаски. Истражувачите од Бостон, Одделот за...

РОЗЕВАТА СУПЕРМЕСЕЧИНА НОСИ ПРЕСВРТ ВО ЉУБОВТА! Моќен астро период пристигнува НА КРАЈОТ НА АПРИЛ – еве што треба да направите

Супермесечината не чека на 27 април и ќе не осветли и со својата брилијантност и со неверојатната енергија. Супермесечината е поим што значи полна...

СЕ ОГЛАСИ КРЕМЉ! Русија подготви низа мерки што ќе ја разнишаат Америка од нејзините темели

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на средбата со американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан, кој беше поканет во руското Министерство за...

Слични вести

СЕВЕРИНА ПО 17 ГОДИНИ ПРОГОВОРИ ЗА ИНТИМЕНО ВИДЕО КОЕ ГО ЗАПАЛИ РЕГИОНОТ: Не излегував од дома 6 месеци, тоа беше ШОК! МЕ ОСУДИЈА!

Пејачката Северина Којиќ се најде среде медиумско внимание во 2004 година, кога се појави нејзиното интимно видео. Никогаш не барав да се појави мојата...