дома Македонија Јакимовски до службите за безбедност: Слепци едни, не сум јас враг на...

Јакимовски до службите за безбедност: Слепци едни, не сум јас враг на Заев, Борисов е

Лидерот на Гром Стевче Јакимовски им се обраќа на безбедносните служби кои што го чуваат премиерот Заев.

Јакимовски прави споредба со Србија која точно знаела што го чека северниот сосед за разлика од Македонија која се уште не е подготвена за кризата и доживеа катастрофа со Ковид19.

Целата порака од Јакимовски до тајните служби:

Ветото си го добивме, а можеби и така ни требаше заради отрезнување. Не дека ликувам, туку ова е уште еден факт дека при носење на крупни одлуки за нацијата мора да се биде внимателен.

На пример, Вучиќ вели: „Хвала нашој разузавачкој служби која ме на време информисала да че корона бити двадесет пута јача него што је била у пролече и зато за четри месеца изградили смо две нове ковид болнице“.

Исто така Вучиќ вели:„ Наши разузнавачи су ме информирали за садржај разговора која треба да водимо са Доналдом Трампом“.

Што ова покажува?

Па српските служби си ја работат својата работа дури имаат и медицинско разузнавање. Аналогно на ова нашите разузнавачки служби уште во 2017-та требаше да ја разоткријат намерата на Борисов кога Заев го потпишуваше договорот, дека ке биде превеслан.

Ај што тој е превеслан ни ја прелажаа и понижија целата македонска држава. Епа браќа Македонци разузнавачките служби на Заев се бават со опозицијата. Секојдневно ми вртат околу куќа како да сум Осама Бин Ладен. Државен непријател број еден!

Слепци едни не сум му ја непријател на Заев туку братот Бојко. Ваша задача не е да го чувате Заев туку нацијата.
И шу праиме сега? Испадна дека Заев и компанија воопшто немале договор. Лист харија која не вреди ништо, а тврдеше дека било „ол инклузив“. Така велеше тој, тоа беа негови зборови.

Ако имаме трунка достоинство, малце акал, образ и чуство за одговорност, фино и лепо ке си се собереме во парламентот и ке си го поништиме овој договор. Бидејки вчерашниот ден покажа дека со листот хартија кој го потпиша Заев можеме само да си го избришеме задникот.

Не случајно го кренаа гласот историчари од цела бивша Југославија. Знаете ли зошто? Па затоа што ако Македонија прифати вакво тумбање на опаку на историјата тоа значи дека Балканот никогаш нема да влезе во Европа.

Замислете Србија да влезе во Европа пред Босна какви се услови нема да и постави. Ке ги натиераат Сребреница не да биде геноцид туку наводно Босанците сами се испотепале меѓу себе. Или, Гаврило Принцип за муслиманите е терорист, а за Србите херој.

Ако пак Црна Гора влезе пред Србија во ЕУ тогаш по аналогија на Бугарите ке бараат Србите да кажат дека Црногорците немаат српско потекло и дека нивната црква е црногорска а не српска. Ако случајно Србија влезе во ЕУ пред Црна Гора тогаш пак обратно Црногорците ке треба да прифатат дека нивното потекло е српско и дека нивната црква е српска.

Какви услови би поставила Србија или обратно Албанија на Србија при влез во Европска Унија. Хаос ке настане на Балканот. Може да дојде до нова балканска војна. Прифаќањето на Заев, Димитров и Османи ја отвара балканската пандорина кутија. Штетата ке биде неповратна.

Како Косово ке влезе во Европа кога скоро цела српска историја е на Косово? Затоа европскиот пат на Заев е полн со дупки и опасни свиоци не само за нас Македонците туку за цел Балкан. И затоа историчарите од цела бивша Југославија се спротивставуваат на Бугарија, но во исто време тоа значи уште поголема одговорност за малодушното македонско раководство.

Сосема за крај договорот во собрание и негово поништување. Ќе се преговара потоа со ладни глави и тоа што ке се испреговори ке се стави на хартија на бугарски и на македонски јазик а не на јазик според уставот. Слепци едни.
Убаво ви вика Каракачанов да си го прчитаат договорот. Во него пишува јазикот според уставот, а тоа значи непризнавање на македонскиот.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Камала Харис дојде во палто со посебно значење, Џил Бајден во облеката на американски дизајнер

Камала Харис, потпретседател на Соединетите Американски Држави, дојде на денот на инаугурацијата облечена во фустан создаден од Кристофер Џон Роџерс и Серхио Хадсон од...

Гори еден од најголемите производители на вакцини во светот, има и жртви

Во голем пожар што избувна во Институтот за серум во Индија загинаа пет лица, изјави владин претставник пред новинарите, а компанијата, најголемиот светски производител...

ОД БРОЈКАТА ЌЕ ВИ СЕ СВРТИ ПАМЕТОТ: Ги затвори вратите на Белата куќа засекогаш, но погледнете колку ќе прима Трамп како поранешен претседател!

Можно е - но не е сигурно - дека тоа би можел да го изгуби ако биде осуден на претстојното судење за отповикување на...

Сонцето од Кутлеш го штити Мико од корона

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, позира на Facebook со заштитна маска со аплицирано сонцето од Кутлеш и со натпис „Македонија“. „И…...

Слични вести

АСТРОНОМСКИ КАЛЕНДАР: Не пропуштајте ги овие датуми во февруари затоа што на небото ќе се случи вистинско чудо!

2 февруари - Астероидот 18 Мелпомен во соѕвездието Рак во поволна позиција за набудување. Во 23:44 часот ќе биде над 57 ° над јужниот...

Гори еден од најголемите производители на вакцини во светот, има и жртви

Во голем пожар што избувна во Институтот за серум во Индија загинаа пет лица, изјави владин претставник пред новинарите, а компанијата, најголемиот светски производител...

ОД БРОЈКАТА ЌЕ ВИ СЕ СВРТИ ПАМЕТОТ: Ги затвори вратите на Белата куќа засекогаш, но погледнете колку ќе прима Трамп како поранешен претседател!

Можно е - но не е сигурно - дека тоа би можел да го изгуби ако биде осуден на претстојното судење за отповикување на...

Сонцето од Кутлеш го штити Мико од корона

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, позира на Facebook со заштитна маска со аплицирано сонцето од Кутлеш и со натпис „Македонија“. „И…...

МИСЛЕЛА ДЕКА ЌЕ ЈА РАСКИНЕ НА ПАРЧИЊА, А СИНОТ ГО ГЛЕДАЛ СЕТО ТОА! Актерката поминала низ пекол со својот маж, го пријави за семејно...

Познатата актерка Кристина Ричи го пријави својот сопруг во јуни минатата година за злоупотреба. На Џејмс Хиридиген му беше забрането да се приближува и...