дома Македонија Јованова-Грујовска: Како не постоел македонски јазик, „Бели Мугри“е објавена во 1939-та

Јованова-Грујовска: Како не постоел македонски јазик, „Бели Мугри“е објавена во 1939-та

Ако е историски факт е дека македонскиот јазик е кодифициран, односно официјално озаконет во 1945 година, дали значи дека во периодот пред таа година не се зборувал македонскиот јазик, е едно од прашањата на кои одговара, Елена Јованова – Грујовска, директорката на Инстутутот за македонски јазик.

„Како не се зборувал македонскиот јазик? Еве сега да земеме неколку примери.

Бели Мугри од Кочо Рацин објавена 1939 година. Тој јазик е толку близу до денешниот стандарден јазик со мали примеси од велешкиот, меѓутоа е многу близу до литературниот јазик, тоа е речиси литературен јазик во книга од 1939 година. Потоа имаме во 1940 и 1941 – Молскавица и Пеш по светот од Коле Неделковски. Па зошто фашистите го фрлија од зградата Коле Неделковски, затоа што не сакал да се откаже од својот мајчин јазик и од идејата да твори на мајчин македонски јазик.

Сакам да кажам, јазикот постоел вели Јованова-Грујовска.

И не само тоа, ако ги земеме книгите од цел 19 век, почетокот на 20 век, значи тука имаме примена, употреба на македонскиот јазик. Имаме одлични драми напишани меѓу двете светски војни. Претходно, во 19 век, имаме речници на повеќе јазици, на Ѓоргија Пулески, четиријазичникот на Данаил. Тоа се луѓе кои кажувале овде во Македонија, на овој простор, на нашите луѓе освен македонски им треба да ги знаат и другите јазици за да може да функционира еснафот, трговијата. И сега што се случува? Тие прават речници на четири јазика, на три јазика, заедно со македонскиот, тука е албанскиот, турскиот, влашкиот, грчкиот јазик, за да се покаже различноста на јазиците, од друга страна и потребата за заемно разбирање и за соживот.“

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОТКРИВААТ МИСТЕРИОЗНА ПОЈАВА НА АНТАРКТИКОТ?! Голем метален штит на влезот во тајна пештера? (ВИДЕО)

Некои страствени „аналитичари“ на Google Earth сметаат дека нешто чудно се случува на Антарктикот, пишува „New York Post“ Таканаречениот „Чувар на Земјата“ тврди дека тој...

Јованова-Грујовска: Како не постоел македонски јазик, „Бели Мугри“е објавена во 1939-та

Ако е историски факт е дека македонскиот јазик е кодифициран, односно официјално озаконет во 1945 година, дали значи дека во периодот пред таа година...

Научниците ги споредиле нервните и космичките мрежи и заклучиле: Човечкиот мозок изгледа како универзумот

И покрај огромната разлика во големината, човечкиот мозок покажува слично ниво на сложеност и самоорганизација како универзумот, заклучија астрофизичарот Франко Ваза од Универзитетот во...

Nordic Monitor: Во Македонија шпионирани десетици домашни и странски државјани

Нордиската мрежа за истражување и мониторинг објавува документи според кои само до 2018 година од една земја во Македонија биле шпионирани 78 луѓе од...

Слични вести

8 необични парови кои докажуваат дека љубовта е навистина слепа или што би рекле нашите – за секое тенџерче има капаче! (ФОТО, ВИДЕО)

Љубовта е навистина необична работа што го менува животот. Некои луѓе поминуваат половина од животот во потрага по совршен партнер, додека некои имаат среќа...

Јованова-Грујовска: Како не постоел македонски јазик, „Бели Мугри“е објавена во 1939-та

Ако е историски факт е дека македонскиот јазик е кодифициран, односно официјално озаконет во 1945 година, дали значи дека во периодот пред таа година...

Научниците ги споредиле нервните и космичките мрежи и заклучиле: Човечкиот мозок изгледа како универзумот

И покрај огромната разлика во големината, човечкиот мозок покажува слично ниво на сложеност и самоорганизација како универзумот, заклучија астрофизичарот Франко Ваза од Универзитетот во...

Nordic Monitor: Во Македонија шпионирани десетици домашни и странски државјани

Нордиската мрежа за истражување и мониторинг објавува документи според кои само до 2018 година од една земја во Македонија биле шпионирани 78 луѓе од...

Веќе не можеше да молчи: братот на принцезата Дијана зборуваше за четвртата сезона на „The Crown“: Постојат многу шпекулации и измислици

Кралската драма на Netflix во четвртата сезона нè запознава поблиску со животот на принцезата Дајана, или барем така требаше да биде. Братот на принцезата...