дома Македонија Нешто убаво денес! “Дајте музика” со нова видео порака: Јунаците од серијалот...

Нешто убаво денес! “Дајте музика” со нова видео порака: Јунаците од серијалот подготвија големо изненадување за крајот на оваа необична учебна година

Со максимално почитување на мерките за заштита и во услови на вонредно функционинрање, екипата од серијалот „Дајте музика“ успеа да склопи извонредна видео разгледница со порака за сите македонски ученици чија промоција се случува токму на денот кој го означува крајот на учебната година и почетокот на најомилениот и најбезгрижниот период за секое дете – летниот распуст.

Видеото е снимено на пет различни локации во Скопје, а со оглед на сите препораки и ограничувања, на истото работеше продуцентска екипа од петнаесетмина извршители.

„Во овие специфични времиња, на најмладите веројатно им е најтешко. Поголем дел од времето го поминуваат во своите домови, ограничени се во сите свои активности и генерално функционираат виртуелно, како на училиште, па така и со своите врсници и другарчиња. Желбата и копнежот за слобода во детската игра во моментов може да го остварат само при практикување на индивидуални спортови и во природа на одредено растојание. Преку новото видео, сакавме да доловиме колку се тие услови на функционирање специфични и колку децата навистина се погодени од овој светски феномен. ‘Дајте музика под итно’ е детскиот сон преведен во услови на новото нормално“ – изјави Цаци Паковска од продукциската куќа „Рифенштал“.

На официјалните канали на серијалот на социјалните мрежи стои:

„ОГРОМНА благодарност до сите наши фанови кои нѐ следевте, ни пишувавте, нѐ поддржувавте и нѐ охрабрувавте во оваа наша навидум невозможна мисија да врвиме напред: со извалкани патики, искинати панталони, исфлекани маици, калливи раце, многу искарани од продуцентите, но секогаш со полни срца ЉУБОВ! ВЕ ГУШКАМЕ СИТЕ! Имајте убав распуст, почитувајте ги мерките и препораките за заштита и останете во добро здравје #ЧувајтеСе !!! Ииии се гледаме наскоро со нови и интересни содржини! ВЕ САКАМЕЕ!!!“

„Дајте музика“ е заеднички проект на „Македонската радиотелевизија“ и продукцијата „Рифенштал“.

Првата сезона од 30 епизоди од серијалот емитувани на националниот сервис, имаа за цел преку забава да ги поттикнат традиционалните семејни вредности низ призмата на една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Наместо да се делиме по етничка основа, да ги одвоиме криминалците од чесните и тие да се изведат пред лицето на правдата

Во денешното издание на Клан телевизија во емисијата ”За кавгите и аргументите” лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцираше дека Македонија е...

„Ми се допадна, а и јас нему“ Трамп ги откри деталите од неговиот однос со Путин, САД денес прават огромна грешка!

Добро се сложуваа. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави треба да ги регулираат односите со Русија, наместо да ја охрабруваат да соработува...

Дали некогаш сте виделе мечка од 500 килограми како трча со цела брзина? Страшно е! (ВИДЕО)

На Интернет се појави видео на кое се гледа огромна мечка како трча со неверојатна брзина. Во ниту еден момент не застана, ќе срушеше сè...

ЛАЖЕЛЕ ЗА ГОДИНИТЕ, ИЗМАМИ, ТЕШКО ДЕТСТВО … Откриени топ 10 најголеми лаги на холивудските sвезди!

Би помислиле дека славните ќе избегнат лаги, имајќи предвид колку е лесно „да ги фатите во лага“, но некои сепак се обидуваат да ја...

Слични вести

БРИТАНСКАТА МОНАРХИЈА ВО СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ: Што ако Елизабет умре? Скандалите го уништија угледот на монархијата и нема никаква корист од Чарлс

Што ќе се случи со Велика Британија кога кралицата ќе умре? Автомеханичар, новинар, собирач на марки, модна икона, владетел со најдолг стаж во историјата на...

„Ми се допадна, а и јас нему“ Трамп ги откри деталите од неговиот однос со Путин, САД денес прават огромна грешка!

Добро се сложуваа. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави треба да ги регулираат односите со Русија, наместо да ја охрабруваат да соработува...

Дали некогаш сте виделе мечка од 500 килограми како трча со цела брзина? Страшно е! (ВИДЕО)

На Интернет се појави видео на кое се гледа огромна мечка како трча со неверојатна брзина. Во ниту еден момент не застана, ќе срушеше сè...

ЛАЖЕЛЕ ЗА ГОДИНИТЕ, ИЗМАМИ, ТЕШКО ДЕТСТВО … Откриени топ 10 најголеми лаги на холивудските sвезди!

Би помислиле дека славните ќе избегнат лаги, имајќи предвид колку е лесно „да ги фатите во лага“, но некои сепак се обидуваат да ја...

Угocтитeлитe и тypиcтичкитe aгeнции дeнecкa излeгyвaaт нa пpoтecт: Ocтaнyвaaт нa yлицa дo иcпoлнyвaњe нa бapaњaтa

Туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне ќе протестира пред Министерството за финансии се до исполнување на нивните барања. Бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти...