дома Македонија Собраниските комисии сѐ уште не се формирани, парламентарното мнозинство е без двајца...

Собраниските комисии сѐ уште не се формирани, парламентарното мнозинство е без двајца пратеници

Пратеникот на ДУИ Арбен Зибери е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести откако заболел од ковид-19, а не е верификуван и мандатот на пратеничката од листата на СДСМ која треба да дојде на местото на Јагода Шахпаска, сега министерка за труд и социјална политика. Собраниското мнозинство има 62 пратеника, а без овие двајца владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ нема мнозинство. Сепак, од СДСМ и од ДУИ уверуваат дека неделава ќе биде закажана собраниска седница.

Мандатот на пратеничката која ќе влезе на местото на Шахпаска ќе може да биде верификуван дури откако ќе биде избрана Комисијата за деловнички и мандато-имунитетски прашања. За ова, а и за другите 20 собраниски комисии сѐ уште нема договор меѓу пратеничките групи. Опозицијата веќе ги даде своите кандидати за претседатели на 8 собраниски комисии, но таков предлог сѐ уште нема од владеачкото мнозинство. Нова собраниска седница на која ќе се избираат претседателите и членовите на собраниските комисии сѐ уште не е закажана.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека очекува во текот на следните денови Собранието да направи верификација на мандатот на следниот пратеник на листата по Јагода Шахпаска, за коалицијата која има поддршка од 62 пратеника да биде целосно потврдена. Тој најави дека парламентот веројатно ќе го напуштат и други пратеници, бидејќи ќе добијат раководни позиции во извршната власт. Верувам дека стабилноста на парламентарното мнозинство низ добрите политики може само да расте, рече Заев.

Според договорениот принцип осум претседатели на собраниски комисии треба да бидат од  СДСМ, осум од ВМРО ДПМНЕ, три од ДУИ и две места за Алијанса-Алтернатива.

Според собранискиот Деловник, на опозицијата ѝ припаѓаат претседателските места во Комисијата за финансирањеи буџет, како и во комисиите за надзор на разузнавачките служби и на мерките за следење на комуникациите.

„Се прават подготовки за новата собраниска седница на која ќе се изберат собраниските комисии. Не гледам никаков проблем и мислам дека тоа ќе се реши деновиве“, изјави вчера пратеникот Изет Меџити од ДУИ. Тој рече дека претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија, ДУИ ќе раководи и со Комисијата за здравство, а дилемата е дали ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

Нешто чудно се случува во Тексас: Повеќе од 85 милиони Американци гласаа, Трамп има причина да биде загрижен

Останаа уште четири дена до претседателските избори во САД, а повеќе од 85 милиони Американци веќе гласаа, вклучително и девет милиони во Тексас, што...

КИНЕЗИТЕ ПРЕМЕСТИЈА ЦЕЛА ЗГРАДА ОД ПЕТ КАТА! Користеле посебен метод, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДАЛО (ВИДЕО)

85-годишна училишна зграда беше преместена во Шангај. Кинеските инженери го користеле методот „машина за пешачење“. Проектот го водеше Лејн Вујиа, кој посочува дека се користени...

НЕВЕРОЈАТНО ШТО УСПЕАЛ ДА БУТНЕ ВО ПЕНИСОТ, БОЛИ КОГА ЌЕ СЕ КАЖЕ! Лекарите во шок, го советувале да посети психијатар

Лекарите веруваат дека неговиот потег бара психијатриска интервенција, а причините може да бидат конфузија, алкохолизам и сексуална љубопитност. Еден 18-годишник имал метални пинцети заглавени во...

АКО ОВА ВИ СЕ СЛУЧУВА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Што значи кога ти трепери очниот капак или што би рекле луѓето кога ти игра окото?

Треперот на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај луѓето – игрње на очите. Науката вели дека ова се случува сè почесто...

Слични вести

Луда среќа: Пешак двапати се спаси од смрт во една несреќа (ВИДЕО)

Пешак во рускиот град Бијск двапати практично избегна смрт во една иста сообраќајна несреќа. Според медиумите, во несреќата учествувале два автомобила, кои по судирот поминале...

КИНЕЗИТЕ ПРЕМЕСТИЈА ЦЕЛА ЗГРАДА ОД ПЕТ КАТА! Користеле посебен метод, ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДАЛО (ВИДЕО)

85-годишна училишна зграда беше преместена во Шангај. Кинеските инженери го користеле методот „машина за пешачење“. Проектот го водеше Лејн Вујиа, кој посочува дека се користени...

НЕВЕРОЈАТНО ШТО УСПЕАЛ ДА БУТНЕ ВО ПЕНИСОТ, БОЛИ КОГА ЌЕ СЕ КАЖЕ! Лекарите во шок, го советувале да посети психијатар

Лекарите веруваат дека неговиот потег бара психијатриска интервенција, а причините може да бидат конфузија, алкохолизам и сексуална љубопитност. Еден 18-годишник имал метални пинцети заглавени во...

АКО ОВА ВИ СЕ СЛУЧУВА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Што значи кога ти трепери очниот капак или што би рекле луѓето кога ти игра окото?

Треперот на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај луѓето – игрње на очите. Науката вели дека ова се случува сè почесто...

РЕДОК ФЕНОМЕН: „Сина месечина“ на небото вечерва, ќе ги гледаме боите поинаку

Небото ноќва помеѓу 31 октомври и 1 ноември ќе биде осветлено од таканаречената „сина месечина“, односно втората полна месечина во период од 30 дена. Оваа...