Денис Ретера непрекинато дрифташе со електричен Порше Тајкан 55 минути и помина маратонско растојание од 42.195 км на влажна кружна стаза. Инструкторот за возење порше Денис Ретера го собори Гинисовиот рекорд во дрифтање на електрични автомобили. Тој постави рекорд на патеката Хокенхајминг во должина од 200 метри, каде возеше 211 круг за 55 минути во континуиран дрифт, што значи дека возеше во постојан баланс помеѓу контролирано лизгање и несреќа. Секој што ќе го проба да вози цело време под рачна ќе каже дека е ненормално тешко, како што можете да видите на ова видео.
Ретера го сруши рекордот со електричен Porsche Taycan со погон на задните тркала и батерија од 93,4 kWh, возејќи со просечна брзина од 46 км на час. Со цел трошењето на гумите да се сведе на минимум, патеката се навлажнува цело време.