По рачното пребројување на гласовите во Џорџија, претседателот Доналд Трамп не успеа да освои изборни гласови, рече државениот секретар Бред Рафенспергер.
Претходно денес, Асошиејтед Прес ја прогласи победата на Бајден во Џорџија, објавувајќи дека демократскиот кандидат добил вкупно 306 гласа на изборниот колеџ.
– Како и сите републиканци, јас сум разочаран, нашиот кандидат не освои изборни гласови во Џорџија – рече Рафенспергер – Моето мото е дека бројките не лажат. Како државен секретар, верувам дека бројките што ги презентиравме денес се точни.
Претходно истиот ден, Рафенспергер во интервју за ВСБ-ТВ рече дека пребројувањето не покажало значителна разлика во споредба со првичното броење. Изјавата беше поддржана од менаџерот на системот за гласање Габриел Стерлинг, кој исто така рече дека по пребројувањето Бајден е победник. За прв пат по скоро две децении, се случи земјата да гласа за демократот на претседателските избори.