дома Планета За време на полицискиот час, го шетала својот партнер на поводник: Јас...

За време на полицискиот час, го шетала својот партнер на поводник: Јас само го шетам моето куче

Една Канаѓанка се сети на неконвенционален начин да се заобиколи мерката полициски час, за што ќе треба да плати висока парична казна.

Откако започна полицискиот час, таа била надвор од нејзиниот дом и држела поводник на кој наместо куче бил врзан сопругот, соопшти полицијата.

Кога полицијата истакнала дека го крши полицискиот час, жената рекла дека „само го шета своето куче“.

Полицијата имала впечаток дека жената сака да го тестира трпението на полицијата, изјави портпаролката на полицијата Изабел Жендрон.

Овој чуден настан се случил во Шербрук, 150 километри источно од Монтреал.

Канаѓанката ќе мора да плати казна од 1.500 канадски долари за шетање на партнерот на поводник за време на полицискиот час.

Според Жендрон, таа рекла дека тие ѝ ја ограничилеслободата на движење. Таа ѝ соопштила на полицијата дека ќе излегува на улица секоја вечер за време на мерката за заклучување.

Во провинцијата Квебек, каде што живее, на граѓаните не им е дозволено да го напуштаат својот дом помеѓу 20 и 5 часот наутро, а таа мерка е во сила уште четири недели.