Овој човек одлучи да сподели проблем што го мачи со месеци.
Авторот на оваа исповед е анонимен и тој искрено зборува за проблемот што ги наруши неговиот брак и врската со неговата сопруга. Таа се здебели, а тој повеќе не може да замислува да биде интимен со неа поради тоа.
“Седам тука и се обидувам да мислам на најдобриот начин да се изразам – затоа што нема вистински. Не е нешто што сакам да го кажам, но сакам да бидам искрен. Жена ми не ме привлекува повеќе. Не сакам секс со неа затоа што повеќе не изгледа како на почетокот на врската. Кога се сретнавме таа беше витка, а потоа килограмите почнаа да се натрупуваат. Не е нешто што луѓето лесно го делат. Се чувствувам како да сум ја изневерил но така се работите.
Тоа не е она што таа го заслужува. Таа е добра жена. Прекрасна жена. Подобра личност од мене. Но, тоа веќе не ме привлекува. Ја сакам нејзината насмевка, нејзиниот карактер, нејзината топлина и мудрост, но мислам дека почнувам да ја сакам како пријателка, а не како жена. Можеби ако бевме во брак 20 години, ќе беше поразбирливо и поприфатливо, но ние се венчавме пред пет години, таа е во средината на триесеттите години, а јас во доцните триесетти години.
За време на овие 5 години, таа премина од жена со средна градба во конфекциски број 38 на број 48, и нема промена на повидок. Чувствувам дека е несреќна и дека храната е нејзина утеха. Свесен сум и дека придонесов за нејзиното незадоволство, но не можам да разберам како некој дозволи толку многу да се промени. Дали љубовта навистина има врска со физичкиот изглед? Дали сум толку плиток и површен? Или јас сум само маж? Со денови размислував за тоа. Зарем не постои непишано правило во партнерствата дека партнерите мора да се стремат да останат привлечни едни на други?
Таа знае како се чувствувам, иако секако никогаш не и го кажав тоа. Може да го види тоа на начинот на кој јас ја гледам. Тоа може да го прочита од нашиот нарушен, едвај постоен сексуален живот. Сакам да ослаби, не можам да го променам начинот на кој работи мојот мозок. Сакам сопругата да биде здрава, самоуверена и среќна, да биде горда на својот изглед.