Имунитетот на вирусот корона може да трае со години, можеби дури и со децении. Ова го покажува новото истражување на еминентни научници од лабораторијата, кое открива дека луѓето кои закрепнале од болеста COVID-19 развиле трајно ниво на Б и Т-клетки. Овие клетки се неопходни за организмот да се бори против вирусот и можат да бидат присутни во организмот многу долго време.
- Истражувачите анализирале примероци на крв од 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, кои биле позитивни на коронавирус на почетокот на пандемијата и откриле дека повеќето од нив имаат доволно имунолошки клетки за да се борат против вирусот и да спречат повторна инфекција. Покрај тоа, антителата се покажаа издржливи, со исклучително ниска стапка на опаѓање, што значи многу години, и потенцијално децении заштита од коронавирус, пренесува Форбс.
Иако студијата сè уште не е разгледана и објавена во научно списание, „New York Times“ ја нарекува „најсеопфатна студија за реакцијата на имунитетот на коронавирусот“. Новинарот на „New York Times“, Апорви Мандавили, објаснува дека огромното мнозинство на лица заразени со вирусот корона ќе бидат „заштитени од повторни инфекции за многу долго време“, додека вакцините можат да создадат уште подолга заштита на имунитетот. „Веројатно нема да биде потребно да се вакцинираат луѓето секоја година како што се плашевме.
Вреди да се потсетиме дека научниците неодамна открија дека луѓето кои преживеале вирус SARS, кој е исто така предизвикан од вирусот корона, сè уште носат важни имунолошки клетки 17 години по инфекцијата. Истражувачите исто така се надеваат дека проучувањето на антитела може да помогне во развој на лекови за спречување или лекување на COVID-19.