Тимот на Алексеј Навални, руски опозициски лидер и жесток критичар на Кремlin, објави документарец за имотот на Владимир Путин, откако тој заврши зад решетки по враќањето во Москва. Во документарецот Навални за имот, проценет на 1,37 милијарди долари, сместен во Црното Море, тврди дека е со големина како 39 Монака, а го платил „со најголемото мито во историјата“.
Кремлин за Би-Би-Си негираше дека имотот е на претседателот Путин, а портпаролот Димитриј Песков тврдењето дека комплексот го чувале државни служби го нарече глупост.
Речиси двочасовниот документарец со англиски превод беше објавен завчера, а до денес го гледале повеќе од 46 милиони луѓе.