Нов напад со нож се случи во Германија вечерва, при што беа повредени неколку лица.
Според локалните медиуми, напаѓачот е уапсен, а неколку лица се здобиле со убодни рани во нападот во Оберхаузен.
Жртвите биле пренесени во болницата, а меѓу нив има и лица со опасни по живот повреди.
Германски Шпигел објави дека четири лица биле повредени во нападот, од кои едното било опасно по живот. Како што се додава, и на жртвите и на напаѓачот им била укажана лекарска помош.
Според тамошните медиуми, напаѓачот бил пренесен на одделот за интензивна нега.
Од полицијата изјавија дека истрагата е во тек, но во медиумите се појавуваат информации дека станува збор за семејна расправија.