Крајот на првото полувреме на натпреварот помеѓу Ливерпул и Барнли беше обележан со инцидент кој за малку ќе ескалираше со физички судир помеѓу Јирген Клоп и Шон Дајч.
Сè започна поради дуелот помеѓу Фабињо и Барнс во последните моменти од полувремето, кога споменатите фудбалери имаа жесток дуел. Следуваа бурни реакции, имаше кошкање, па дури и грабање за гуша, а ни тренерите на двата тима не беа имуни на непријатни сцени, па влегоа во бурна дискусија која брзо ја обиколи фудбалската планета.
Судијата Мајк Дин му покажа само на Фабињо јавна опомена, а собраните играчи спречија поголем инцидент.
Погледнете како изгледаше сето тоа: