Познатиот актер Џим Кери, кого публиката го памети од филмови како Глуп и поглуп, Маска, Шоуто на Труман, Човек на Месечината, Соник, во последните неколку години започна и да слика. Своите слики или карикатури тој често ги објавува на социјалните мрежи, но карикатурата на поранешната прва дама, Меланија Трамп, предизвика лавина коментари.
На самата слика, Кери го напиша следново:
– О, збогум најлоша прва дама. Се надевам дека вашата конечна одлука може да го финансира вашиот површен живот. Фала за ништо.
— Jim Carrey (@JimCarrey) January 22, 2021
Еден дел од корисниците го нападнаа и го обвинија дека е одмаздољубив и лут, дека сликата е одвратна и понижувачка, додека другите корисници го бранеа и изразија согласност со него и изјавија дека треба да продолжи да се изразува уметнички.