НЕ СМЕ СВЕСНИ ШТО НЕ ЧЕКА! Светската здравствена организација и се обрати на планетата, оваа зима ќе биде сурова!

септември 16, 20201min
гф

Светската здравствена организација предупреди денес дека ковид-19, болеста предизвикана од новиот вирус корона, се шири со загрижувачка брзина во некои делови на северната хемисфера, на неколку месеци од сезоната на зимски грип.

„Почнуваме да гледаме загрижувачки трендови во некои земји“, рече Марија Ван Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19, за време на веб-емисијата на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.

“Забележуваме зголемување на бројот на хоспитализации во единиците за интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови на САД. Ова е загрижувачки, бидејќи сезоната на грип сè уште не е започната”, рече Ван Керхове.


Ван Керхове изјави дека бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19, се зголемува во неколку земји.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со ковид-19 да се вакцинираат против грип.

Korona, Srbija, Beograd