Овие зелени згради требаше да бидат прекрасни оази: Сега никој не сака да живее во нив, се вселија непосакувани станари!

септември 16, 20202min
2325109_profimedia0556763066_ff

Станбените згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на станови избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци, пренесуваат кинеските медиуми.

Блокот е изграден во 2018 година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан.

Според веб-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана ставени на продажба истата година, нашле свои сопственици за многу брзо време.

Сепак, според медиумите, само десетина семејства се преселиле во зградите.

Станарите сметаат дека становите не се населенеи, поради што и вегетацијата на терасите и фасадите се чини запуштена, поради големиот број комарци кои исто така сакаат зеленило.