Снимките од пијана мајка ја разбеснија целата земја! Вака го мачи своето бебе, полицијата започна истрага.

септември 16, 20201min
а

Коментарите на социјалните мрежи сугерираат дека жената била во алкохолизирана состојба. Ученици во рускиот град Јефремов, недалеку од Тула, повикале полиција откако виделе пијана мајка како се обидува да турка количка со бебе покрај рампата на скејтборд. На социјалните мрежи се појави и видео од тој бизарен настан, а може да се види жена како се тетерави и паѓа на подот, цело време го загрозува сопственото дете, пишува Раша Тудеј.

Коментарите на социјалните мрежи сугерираат дека жената била во алкохолизирана состојба, поточно дека испила најмалку два литра пиво пред да одлучи да го тура своето најмало дете во локалниот скејт парк. На почетокот на видеото, мајката забрзува и се удира во подножјето на рампата, а поради ударот, количката се преврте и девојчето за малку ќе паднеше на бетонот. По смирување на расплаканото дете, жената по втор пат се обидува безуспешно да се искачи на рампата, со истиот резултат. Извештаите сугерираат дека локалните власти започнале истрага за загрозувањето на детето откако се појави видеото.