Истанбул се подготвува да остане без вода за 45 дена откако Турција падна во најсувиот период во претходната деценија.
Урбаниот развој е виновен за сушењето на браните во градот со 17 милиони жители и многу други метрополи во Турција, објави „Дејли меил“. Нивото на водата во браната Омерли, главниот извор на вода во градот, е најниско во последните 15 години, со полн капацитет од 19,79 проценти поради недостаток на дожд и покрај зимската сезона.