дома Свет НАСИЛНИ НЕРЕДИ ВО ЕРУСАЛИМ: Повеќе од 50 лица ранети во бруталниот судир...

НАСИЛНИ НЕРЕДИ ВО ЕРУСАЛИМ: Повеќе од 50 лица ранети во бруталниот судир меѓу муслиманските верници и израелската полиција (ВИДЕО)

Повеќе од 50 лица се повредени вчера вечер за време на судирите меѓу муслиманските верници и израелските полицајци кои влегоа во храмот на Брдото и на други места во источен Ерусалим, објави палестинската Црвена полумесечина.

Како што е наведено, 23 лица биле хоспитализирани, а повеќето биле ранети во главата со гумени куршуми и шрапнели од шок бомби, објави Associated Press“.

Портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр изјави дека избиле „насилни немири“.
Израелската полиција која чуваше пристап до светилиштето, дом на џамијата Ал-Акса, трета по големина во исламот, која муслиманите ја нарекуваат Харам ал-Шариф (Возвишеното Светилиште), рече дека стотици бунтовници фрлале камења, шишиња и други предмети кон полицајците.

Пукања се слушнаа во Возвишеното Светилиште каде што се собраа муслиманите последниот петок во светиот месец Рамазан, а еден новинар за АФП изјави дека се крева чад над тоа место во Стариот град Ерусалим.

Судирите избувнаа во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и Западниот брег, палестинските територии окупирани во шестдневната војна во 1967 година.
Демонстрациите и судирите со припадниците на израелските сили во населбата Шеик Џарах траат веќе една недела во тој дел на Ерусалим, кој подоцна беше припоен кон Израел.

Спорот во тоа соседство се однесува на сопственоста на земјиштето на кое се изградени куќи на четири палестински семејства, на кои им се заканува насилно иселување со цел еврејските доселеници да се преселат таму.

Вечерашните судири избувнаа кога израелската полиција го засили присуството во Ерусалим поради муслиманските вечерни молитви, пренесе АП.

Видео од инцидентот покажува како верници фрлаат столови, чевли и шипки кон полицајците кои пукале како одговор.

Полицијата ги затвори портите што водат кон Ал Акса.

Соединетите држави денеска повикаа на смирување на тензиите во Ерусалим со цел да се избегне евакуација на палестинските семејства поради имиграцијата на еврејските доселеници.

  • Длабоко сме загрижени за растечката напнатост во Ерусалим, изјави за новинарите заменик-портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џалина Портер.

Таа исто така рече дека е загрижена за можното иселување на палестинските семејства во источен Ерусалим, „од кои многумина, се разбира, живеат таму со генерации“.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Хороскоп за 13 јуни: На Близнаците нема да им е лесно да ги покажат емоциите, Лавот го очекуваат проблеми со стомакот, Овенот ќе има...

ОВЕН РАБОТА: Можно е резултатот од вашата работа да биде различен од оној што го очекувавте. Сепак, нема да бидете незадоволни. Иако е недела, ќе...

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД СОЛУН, СИЛНО НЕВРЕМЕ го уништи ГРАДОТ: Маж е погина во поројот, улиците претворени во реки! (ВИДЕО)

Делови од Грција беа погодени од силно невреме вчера, а еден човек погина во Солун кога поројот му го однел автомобилот. Според грчката противпожарна служба,...

БИБИ ЧАО! Израелците излегоа на улиците да го прослават заминувањето на Нетанјаху од власта (ВИДЕО)

Пеејќи ја „Биби чао“, во согласност со италијанската револуционерна песна „Бела чао“, околу 2.000 Израелци излегоа на улиците вчера вечер да ја прослават „победата“...

108 ДОЛАРИ ЗА НЕНОСЕЊЕ НА МАСКА: Бразилскиот претседател казнет за непочитување на епидемиолошките мерки на моторџиски настан

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска е казнет со 108 американски долари за учество без маска и без почитување на други санитарни мерки, на настан...

Слични вести

ОТКРИЕНО! Еве низ каква ДРАМА помина Кристијан Ериксен додека лежеше на земја! ОВОЈ потег на лекарот бил ПРЕСУДЕН!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Питер Мелер изјави дека лекарскиот тим на теренот извршил масажа на срцето кај репрезентативецот Кристијан Ериксен, кога тој...