дома Свет Од секои пет долари, еден се троши преку Интернет: Е-трговијата порасна за...

Од секои пет долари, еден се троши преку Интернет: Е-трговијата порасна за дури 900 милијарди долари

Клиентите ширум светот потрошија 900 милијарди долари повеќе на интернет купување во 2020 година отколку во 2019 година, бидејќи останаа дома поради корона мерките.

Ова го покажува најновиот извештај за Mastercard Recovery Insights“.
Со други зборови, од секои пет долари потрошени во малопродажба, приближно еден долар се потроши во е-трговија, во споредба со околу еден долар од седум потрошени во текот на 2019 година.

За трговците на мало, рестораните и другите големи и мали компании, можноста за продажба преку Интернет беше многу потребна за спас поради рестриктивните мерки од корона кои спречуваа купувања во физички продавници.

Се очекува приближно 20-30 проценти од глобалната транзиција кон дигитални технологии предизвикани од пандемијата да бидат трајни, се вели во соопштението на „Mastercard“.

  • Додека потрошувачите беа дома, нивните пари патуваа далеку благодарение на електронската трговија, вели Бриклин Дајер, главен економист во „Mastercard“ и шеф на економскиот институт „Mastercard“.

Тој додава дека ова има значителни импликации и дека земјите и компаниите што го направија дигиталниот бизнис приоритет продолжуваат да ги користат придобивките.

  • Нашата анализа покажува дека дури и најмалите компании бележат придобивки кога ќе се префрлат на дигитални канали, вели Дајер.

Економиите кои беа дигитално поразвиени пред кризата, како што се Велика Британија и САД, забележаа поголеми придобивки со преминот кон дигитална трговија во домашниот сообраќај во споредба со земјите кои имаа помал удел во е-трговија пред кризата, како на пр. Аргентина и Мексико. Азиско-пацифичкиот регион, Северна Америка и Европа се региони кои најсилно го охрабруваат усвојувањето на е-трговија.

Сектори за малопродажба со основни намирници, кои имаа најмал дигитален удел пред кризата, се меѓу најголемите добитници затоа што потрошувачите се прилагодија на новите околности.

Како што се формираат нови навики на потрошувачи, а со оглед на ниската база на клиенти пред кризата, MasterCard предвидува дека трајно ќе се одржува 70-80 проценти од растот на е-трговија во сегментот на храна.

Бидејќи многу поголем избор на стоки и продажни места стана достапен на Интернет, потрошувачката на ниво на меѓународна е-трговија се зголеми за околу 25-30 проценти од март 2020 година до февруари 2021 година, според резултатите од оваа студија.

Анализата на MasterCard исто така покажува дека потрошувачите ширум светот, поради проширениот избор, купуваат на повеќе веб-страници и мрежни продавници отколку порано.

Жителите на земји како што се Италија и Саудиска Арабија во просек купуваат 33 проценти повеќе во онлајн продавниците, по што следат потрошувачи од Русија и Велика Британија, се наведува во извештајот.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Познатиот милијардер ѝ забранил на својата поранешна да се појавува во јавност со друг маж по разводот!

Италијанскиот мултимилионер Флавио Бриаторе (70), кој деновиве ќе го прослави својот 71 роденден, ја забавува светската јавност со својот приватен љубовен живот долги години...

ОПШТ ХАОС ВО АВИОН! ЖЕНИ СЕ СТЕПАА ПОРАДИ БАГАЖ: Се влечеа за коса, па потоа полетаа и БОКСОВИ, а пилотот СИ ГО ДОБИ НИ...

Неколку жени се степаа пред авионот да полета на релација Истанбул-Тунис. Причината за тепачката била тоа што патниците чекале тројца патнички и патници повеќе од...

РУСИЈА ОДГОВОРИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ! Pротераат 10 дипломати … сепак, тоа не е сè!

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека официјална Москва, како одговор на протерувањето на руските дипломати од страна на американските и полските...

Слични вести

БЕШЕ СТРАШНО СЛАДОК! Познатата актерка даде шокантно признание! Таа излегувала со маж осуден за брутално силување и убиство!

Одговарајќи на прашања на обожавателите на Twitter, актерката Патриша Аркет (53) откри како излегла на состанок со маж осуден за брутално силување и убиство...

ОПШТ ХАОС ВО АВИОН! ЖЕНИ СЕ СТЕПАА ПОРАДИ БАГАЖ: Се влечеа за коса, па потоа полетаа и БОКСОВИ, а пилотот СИ ГО ДОБИ НИ...

Неколку жени се степаа пред авионот да полета на релација Истанбул-Тунис. Причината за тепачката била тоа што патниците чекале тројца патнички и патници повеќе од...

Познатиот милијардер ѝ забранил на својата поранешна да се појавува во јавност со друг маж по разводот!

Италијанскиот мултимилионер Флавио Бриаторе (70), кој деновиве ќе го прослави својот 71 роденден, ја забавува светската јавност со својот приватен љубовен живот долги години...

РУСИЈА ОДГОВОРИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ САНКЦИИ! Pротераат 10 дипломати … сепак, тоа не е сè!

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека официјална Москва, како одговор на протерувањето на руските дипломати од страна на американските и полските...

Дали е можна инфекцијата после примање на обете дози на вакцина?! Студиите открија неверојатни резултати!

Инфекција со вирусот COVID-19, по примањето на двете дози на вакцина, е ретка, според студијата објавена во „New England Journal of Medicine“. Од 28.000 здравствени...