дома Свет Претседателски избори во Америка 2020: Како Трамп го смени светот

Претседателски избори во Америка 2020: Како Трамп го смени светот

Од лажни вести до тоа како остатокот од светот ги перцепира Соединетите држави – еве анализа на глобалното влијание на Трамп.

Претседателот на Соединетите Американски Држави не е само водач на својата земја, тој е веројатно и најмоќната личност на планетата.

Она што тој го прави ги менува животите на сите нас. Доналд Трамп не е исклучок. Па, како точно Трамп го смени светот?

Како светот ја доживува Америка

Трамп досега безброј пати ги нарече Соединетите држави „најголемата земја во светот“.

Но, според неодамнешното истражување спроведено во 13 земји од страна на истражувачкиот центар Пју, тој не сторил многу за нејзиниот имиџ во светот.

Во многу европски земји, процентот на јавноста со позитивно искуство со Америка е на најниско ниво во скоро 20 години.

Во Велика Британија, 41 процент од граѓаните имаат позитивно мислење, додека во Франција е 31 процент, најнизок од 2003 година, а во Германија само 26 проценти.

Реакцијата на Америка на вирусот корона беше важен фактор во ова – само 15 проценти од испитаниците сметаат дека САД добро се борат во борбата против вирусот, според бројките од јули и август оваа година.

Повлекување од борбата против климатските промени

Тешко е да се разбере што точно Трамп мисли за климатските промени, како што сигурно ги нарече, од „скапа измама“ до „сериозна тема“ што е „многу важна за мене лично“.

Она што е очигледно е дека шест месеци откако ја презеде функцијата, тој ги фрли во очај научниците најавувајќи повлекување на САД од Парискиот договор за клима, со кој се обврзаа скоро 200 земји да го одржат зголемувањето на глобалната температура на помалку од два Целзиусови степени.

САД се втор најголем емитер на стакленички гасови по Кина, а истражувачите предупредија дека доколку Трамп биде реизбран, може да стане невозможно да се одржи глобалното затоплување под контрола.

Одбивајќи го Парискиот договор, американскиот претседател изјави дека тој „ќе започне да ги гуши американските производители со прекумерни регулаторни ограничувања“.

Ова е постојана тема за Трамп, кој укина голем број регулативи поврзани со загадувањето со цел да ги намали трошоците за производство на јаглен, нафта и гас.

Сепак, неколку американски рудници за јаглен се затворени, загрозени од конкуренцијата на поевтин природен гас и државните мерки за поддршка на обновливата енергија.

Владините бројки покажуваат дека во 2019 година, обновливите извори во Соединетите држави произвеле повеќе енергија отколку јагленот, првпат по повеќе од 130 години.

Повлекувањето на Америка од Парискиот договор за клима официјално стапува на сила на 4 ноември, ден по претседателските избори. Џо Бајден вети дека веднаш ќе се врати во пактот ако победи.

Стравувањата дека излегувањето на САД од договорот би имало домино ефект не се материјализираа, иако некои набљудувачи велат дека им олесни на Бразил и Саудиска Арабија да го блокираат напредокот во намалувањето на емисиите на јаглерод.

Затворени граници, за некои

Трамп ја започна војната против имиграцијата само една недела по инаугурацијата, затворајќи ги американските граници за патници од седум земји со мнозинско муслиманско население.

Во моментов, строги ограничувања на патувањето се воспоставени за 13 земји.

Бројот на родени во странство кои живеат во Соединетите држави беше за околу 3 проценти поголем во 2019 година отколку во 2016 година, последната година на претседателот Обама на власт.

 

Процентот на Американци родени во Мексико постојано се намалува за време на мандатот на Трамп, додека бројот на оние кои емигрирале од други места од Латинска Америка и Карибите е зголемен.

Исто така, има општо намалување на бројот на визи што им овозможуваат на луѓето да се населат трајно во САД – особено за роднините на оние што веќе живеат таму.

Ако постои симбол на имиграциската политика на Трамп, тоа е секако „големиот, убав ѕид“ што тој вети дека ќе го изгради на границата со Мексико.

Од 19 октомври, Царината и граничната заштита на САД велат дека е изграден ѕид од 591 километри – скоро сите подигнати огради се наоѓаат на места каде веќе постоеле бариери.

Овие напори не ги одвратија оние кои очајно сакаат да стигнат до Америка.

Бројот на притворени мигранти на границата САД-Мексико го достигна највисокото ниво во последните 12 години во 2019 година, водено од зголемувањето на новодојденците во пролетта.

Повеќе од половина беа семејства, претежно од Гватемала, Хондурас и Салвадор, каде насилството и сиромаштијата ги тера луѓето да бараат азил и нов живот на друго место.

Пренасочувајќи го вниманието кон бегалците, Доналд Трамп значително го намали бројот на оние кои можат да се населат во Америка. САД примија скоро 85.000 бегалци во фискалната 2016 година, што падна на под 54.000 следната година.

Максимумот за 2021 година ќе биде 15.000 луѓе – најмал број од почетокот на програмата за бегалци во 1980 година.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

Познат диџеј во Дубаи направи сметка од 224.000 евра: Нема да верувате што испиле 8 луѓе!

Поранешниот диџеј на Radio One, Чарли Слот (39) ги зачуди обожавателите кога на социјалните мрежи покажа огромна сметка од хотел во висина од 200.000...

Како жените и мажите даваат до знаење дека сакаат секс!!!

Како му давате сигнал на партнерот дека сте расположени за секс? Можеби ви се допаѓа директен пристап и кажете дека сакате тоа да ве доведе...

Дојче Веле: Турската историја на Бугарија, иранското потекло на Бугарите и северномакедонскиот кошмар

Германскиот државен медиумски сервис Дојче Веле пред две недели годинава објавил сатиричен текст на Даниел Смилов кој со многу иронија ги опишува настаните меѓу...

По бугарската блокада и од Атина најава за двојно вето

Откако официјална Софија ја покажа својата сила како членка на ЕУ и Грција повторно покажува мускули кон Македонија иако владата на Заев веќе потпиша...

Слични вести

Michael J. Fox: „Ако ова е крајот на мојата актерска кариера, нека биде така“

Познатиот 59-годишен актер Мајкл Џеј Фокс во своите нови мемоари „Нема време како иднината“ наведува дека се повлекува во „втората пензија“ и открива дека...

Како жените и мажите даваат до знаење дека сакаат секс!!!

Како му давате сигнал на партнерот дека сте расположени за секс? Можеби ви се допаѓа директен пристап и кажете дека сакате тоа да ве доведе...

Дојче Веле: Турската историја на Бугарија, иранското потекло на Бугарите и северномакедонскиот кошмар

Германскиот државен медиумски сервис Дојче Веле пред две недели годинава објавил сатиричен текст на Даниел Смилов кој со многу иронија ги опишува настаните меѓу...

По бугарската блокада и од Атина најава за двојно вето

Откако официјална Софија ја покажа својата сила како членка на ЕУ и Грција повторно покажува мускули кон Македонија иако владата на Заев веќе потпиша...

Легендарната порно актерка доби награда за животно дело

Најголемата порно sвезда на сите времиња, Илона Сталер, попозната како Чичолина, ќе добие награда за животно дело. Имено, PornHub ќе ѝ ја додели наградата за...