Фондот за директни инвестиции на Русија побара од словачката влада да врати серија вакцини „Sputnik V“ поради непочитување на договорот.
Бараните вакцини може да се користат во други земји, се вели во соопштението на официјалниот профил на вакцината на Twitter.
- Рускиот фонд побара од словачката влада да ја испрати вакцината во овластена лабораторија во ЕУ за тестирање, а на 6 април 2021 година испрати писмо со барање да се врати вакцината поради повеќекратно кршење на договорот. На тој начин таа може да се користи во други земји, се вели во соопштението.
Unfortunately, in violation of existing contract and in an act of sabotage the State Institute of Drug Control ensured that Sputnik V tested in a laboratory which is not part of the EU’s Official Medicines Control Laboratory network even though OMCL laboratories were available.
— Sputnik V (@sputnikvaccine) April 8, 2021
Исто така, се додава дека лабораторијата во Словачка каде е тестирана серијата вакцини „Sputnik V“, која е доставена до оваа земја, не е дел од мрежата на официјални лаборатории на Европската унија.
- За жал, во спротивност на постојниот договор, Државниот институт за контрола на лекови обезбеди тестирање на „Sputnik V“ во лабораторија што не е дел од мрежата на официјални лаборатории за контрола на лекови на ЕУ, и покрај нивната достапност, рече рускиот фонд во изјавата.
Покрај тоа, словачкиот регулатор започна кампања за дезинформација против вакцината. Рускиот фонд побара од Словачка повторно да се тестира руската вакцина „Sputnik V“ – овој пат во лабораторија акредитирана од Европската унија, се нагласува во соопштението.
Се додава дека сите серии на „Sputnik V“ се со ист квалитет и се предмет на строга контрола на квалитетот на институтот „Gamaleya“.
- Квалитетот на „Sputnik V“ е потврден од регулаторите од 59 земји во светот, потсетува компанијата во својот твит.
Претходно, секретарот на Државниот институт за контрола на лекови, кој е фармацевтски регулатор во земјата, Магдалена Јуркемикова, изјави дека руската вакцина против коронавирус „Sputnik V“, чија прва група пристигна во Словачка на 1 март, не ги исполнува карактеристиките објавени во водечкото медицинско списание „Lanset“.
Да потсетиме, Словачка, како и Унгарија, е земја на ЕУ што даде одобрување за употреба на руската вакцина против COVID-19 „Sputnik V“, без да се чека регистрација на Европската агенција за лекови.