дома Свет Се појави скандалозно досие за Трамп: Дали ова значи крај за неговите...

Се појави скандалозно досие за Трамп: Дали ова значи крај за неговите соработници?

Кристофер Стил, поранешен агент на британската контраразузнавачка служба МИ6, состави уште едно досие за ФБИ за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во првото досие, кое одекна поради скандалозната содржина, Стил презентираше информации за соработката меѓу луѓето на Трамп и владата на Владимир Путин, пренесуваат неименувани извори за британски „Telegraph“.

Неговата континуирана соработка со ФБИ откако првото досие стигна до јавноста оди во прилог на неговиот кредибилитет, пишува британски „Telegraph“. Токму ова досие го поттикна истрагата на специјалниот истражител Роберт Мулер за руското мешање во американските избори во 2016 година.

Во првото досие, Стил даде голем број детали во врска со компромитирачкиот материјал за Трамп, вклучително и снимки од неговите средби со проститутка во хотелот „Москва“ во 2013 година.

Сепак, Трамп тврдеше дека станува збор за лажни вести, политички мотивирани.
Преку една компанија, Стил продолжи да ја испраќа „сурови“ материјали до американската агенција. Дел од материјалите од второто досие вклучува дополнителни информации за руско мешање во изборите во САД.

Истрагата на Мулер, поттикната од првото досие, доведе до низа тужби кои на крајот имаа судски епилог, што доведе до затворање на Пол Манфорт, соработник на кампањата на Трамп, како и на Џорџ Папапулос, советник за кампања и долгогодишен соработник на Трамп, Роџер Стоун.

Второто досие содржи и нови детали за контактите на Манафорт со Русите. Во врска со таа тема, неодамна во американските медиуми беше објавено дека Константин Килимник, соработник на Пол Манафорт, доставувал информации до руските разузнавачи за анкетите и стратегиите на изборниот штаб на Трамп, се наведува во извештајот.

ФБИ понуди награда од 250.000 УСД за „информации што би довеле до апсење на Константин Килимник“. Министерството за финансии на САД го стави неговото име под санкции, означувајќи го како „руски шпион“, бидејќи тој наводно пренесувал чувствителни податоци.

ФБИ имал разговор со Стил во Лондон во 2017 година, додека истрагата за руското мешање траела, пишува британски „Telegraph“. Потоа, тој му соопшти на ФБИ дека има четири шпионски канали, и дека главниот „не бил активен“. Меѓутоа, за време на разговорот, еден канал беше „активен и донесе добри информации“. Тој агент бил извор за други досиеја, велат тие.

Првото досие беше одбиено од ЦИА, според „New York Times“, опишувајќи го како „озборување“, но секако се користело за да се добие судско одобрение за следење на поранешен соработник на кампањата на Трамп, и од тие причини тој го тужеше ФБИ и Министерството за правда за 75 милиони долари, наведува британски „Telegraph“.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Софија Лорен има ЕВТИНО и ПРИРОДНО решение против ПОДОЧЊАЦИ! Сè што ви треба е ОВОЈ производ (ФОТО)

Многу актерки имаат свои мали трикови за да изгледаат свежо и одморено, а убавата Софија Лорен не е исклучок. Еден од нејзините најголеми проблеми...

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ТРГНУВА ВО ЛОВ НА ВОНЗЕМЈАНИ: Гајле ѝ е за туѓите мислења, сигурна е дека има ПЛАН како да ги фати

Познатата американска пејачка Деми Ловато наскоро ќе стане водител, додека емисијата што ќе ја води ќе се занимава со вонземјани. Одам на патување во...

Оризовите полиња во Кина се магични

Прекрасните полиња со ориз во Кина зафаќаат илјадници километри планини и долини. Скалестите оризови полиња започнале да се градат пред 1.300 години и преживеале до...

Слични вести

ГО ОДБИ РОНАЛДО БИДЕЈЌИ НЕ Е НЕЈЗИН ТИП! ОД НЕЈЗИНИТЕ ГОЛИ ФОТОГРАФИИ СРЦЕТО МОЖЕ ДА ВИ ЗАСТАНЕ: Русинка која го ЗАПАЛИ нетот!

Вики Одинцова, жешка Русинка која своите 5 милиони следбеници ги „почастува“ со провокативни фотографии речиси секој ден, уште еднаш направи вистински хаос на социјалните...

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ТРГНУВА ВО ЛОВ НА ВОНЗЕМЈАНИ: Гајле ѝ е за туѓите мислења, сигурна е дека има ПЛАН како да ги фати

Познатата американска пејачка Деми Ловато наскоро ќе стане водител, додека емисијата што ќе ја води ќе се занимава со вонземјани. Одам на патување во...

Софија Лорен има ЕВТИНО и ПРИРОДНО решение против ПОДОЧЊАЦИ! Сè што ви треба е ОВОЈ производ (ФОТО)

Многу актерки имаат свои мали трикови за да изгледаат свежо и одморено, а убавата Софија Лорен не е исклучок. Еден од нејзините најголеми проблеми...

Оризовите полиња во Кина се магични

Прекрасните полиња со ориз во Кина зафаќаат илјадници километри планини и долини. Скалестите оризови полиња започнале да се градат пред 1.300 години и преживеале до...

ЗАШТО И ТРЕБАШЕ ОВА: Ким Кардашијан експериментира со новиот изглед и не сите се возбудени! (ФОТО)

Ким Кардашијан (40) ги обожава модата и трендовите. Таа многу пати експериментирала со својот изглед, менувајќи го начинот на облекување, шминка, па дури и...