Група млади во пробританското подрачје на Белфаст укадоа автобус и го запалија, а полицијата ја гаѓаа со камења во последната од низата насилни акции што започнаа минатата недела во Северна Ирска.
Момче (13) е меѓу 9-те уапсени.
Десетици полицајци беа повредени во насилството, кое вклучува палење автомобили и фрлање молотови коктели кон полицијата.
Насилството доаѓа во време на растечка фрустрација кај многумина во про-британската унионистичка заедница во врска со новите трговски бариери меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија како резултат на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Пробританската демократска унионистичка партија (DUP) ја посочи минатогодишната полициска одлука да не го прогонува ирскиот националист Шин Фејн за големиот погреб што ги прекрши антипандемиските мерки.
— The Churchill Project (@WinstonCProject) April 7, 2021
Беа изградени sидови и огради меѓу двете заедници за да се спречат судири за време на три децении насилство во Северна Ирска, кои во голема мера завршија со мировниот договор од 1998 година.
И лидерите на најголемите политички партии во Северна Ирска, Шин Фејн и DUP, го осудија насилството, особено кражбата на автобусот и нападот врз фоторепортерот на „Belfast Telegraph“.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера вечер изјави дека е длабоко загрижен за сцените на насилство во Северна Ирска.
Џонсон на Twitter изјави дека е особено загрижен за нападот врз Полициската служба на Северна Ирска, возачот на автобус и новинарот, пренесува Ројтерс.
- Начинот да се надминат разликите е преку дијалог, а не со насилство или криминал, рече Џонсон.
I am deeply concerned by the scenes of violence in Northern Ireland, especially attacks on PSNI who are protecting the public and businesses, attacks on a bus driver and the assault of a journalist. The way to resolve differences is through dialogue, not violence or criminality.
— Boris Johnson (@BorisJohnson) April 7, 2021