Актерот открива како бил „скршен“ од ковид-19: „Како коските да ми се направени од крекери“ (ВИДЕО)

јули 16, 20201min
naslovna

Холивудскиот актер Том Хенкс беше гостин во шоуто „ The Late Show With Stephen Colbert “, во кое зборуваше за неговото искуство и борбата против коронавирусот и посочи дека се чувствува како да му се испукани коските.

Имено, овој актер и неговата сопруга, исто така актерка Рита Вилсон, беа први во Холивуд кои јавно објавија кон средината на март дека имаат ковид-19. Тие најавија дека се заразиле додека го снимале филмот во Австралија, кога биле задржани во болницата. Тие поминаа една недела во болницата, кога отидоа во куќа во Австралија во самоизолација, пред да се вратат во САД.

Хенкс беше гостин во шоуто за промовирање на новиот филм „Greyhound“, а водителката беше заинтересирана дали тој и неговата сопруга биле шокирани кога ги добиле резултатите од тестот за ковид-19.

“Се разбира дека бевме во шок. Не знаевме како и кога го собравме вирусот”, рече Хенкс, кој исто така откри дека тие имале различни симптоми.

“Таа имаше повисока температура од мене, повеќе кашлаше и имаше чувство на гадење. Таа го изгуби чувството за мирис и вкус, а јас не”, призна тој, додавајќи:

“Се чувствував како моите коски да се направени од крекери. Кога одев, имав чувство дека секоја коска во моето тело пука … Како кога твојот постар брат те тепа и не можеш никако да го спречиш. Беше болно.” , рече Хенкс, кој додаде дека имал  болки во задникот и дека не седел многу поради тоа.

По закрепнувањето, Хенкс и Вилсон продолжија да одржуваат дистанца и да носат маски, а донираа и крв за да помогнат да се најде лек за коронавирусот.