Фудбалска револуција – роботи наместо судии?

јули 4, 20201min
11134868015eff99ea1e2dc535405768_w640

После ВАР технологијата, најголемите промени во последните години во светот на фудабалот, планирани сè уште неколку, во врска со судењето.

Идејата е помошните судии да заминат во историјата, и да бидат заменети со еден вид робот, кој ќе може да донесе побрзи и поточни одлуки кога станува збор за офсајд.

Тие би „нацртале“ линии во согласност со последниот дефанзивец.

“Идејата е да се забрза прегледот на видеото и да се одлучи дали е во офсајд или не. Со помош на робот, моментот на испраќање на топката би бил одреден побрзо и попрецизно отколку гледањето на видеото од ТВ-камери”, рече Јоханес Холкмилер. Директор за технологија на ФИФА.

Ова беше тестирано на последното Светско клупско првенство, кога Ливерпул ја зеде титулата.

Сепак, главниот проблем за роботите би можел да биде пасивен офсајд.

“Засега, програмата сè уште не може да ја препознае варијантата кога станува збор за пасивен офсајд, конкретно кога напаѓачот ќе го блокира просторот на голманот. Затоа, тој сè уште ќе биде во надлежност на просторијата ВАР. А за класичен офсајд, ќе се земе предвид се во согласност “, додаде Холкмелер. Во секој случај, оваа технологија треба да се примени за прв пат на Мундијалот 2022 година во Катар.